Трамп ја поздрави победата на Сандерс во Невада и се мајтапи со демократите

Американскиот претседател Доналд Трамоп ја поздрави и му честиташе на победата на Берни Сандерс, на предизборите на Демократската партија во сојузната држава Невада во трката за партиската номинација за претседателските избори во ноември, и истовремено се шегува на сметка на демократите повикувајќи ја „улогата на Русија“ во победата на левичарскиот сенатор од државата Вермонт.

„Огромна победа“, изјавил Трамп на барањето на новинарите да ги коментира резултатите од демократските предизбори во Невада, пренесува во неделата Белата куќа.

Трамп повторно му честитеше на својот потенцијален противкандидат на претстојните претстедателски избори.

„Се надевма дека тие ќе се однесуваат фер кон него“, рече Трамп алудирајќи на отвореното спротиствување на челниците на Демократската партија кои според американските медиуми не сакаат сенаторот Сандерс да биде претседателски кандидат.

Откако официјалните резултати од предизборите во Ајова беа објавени дури со петдневно задоцнување, бидејќи според официјалното образложение на Демократската партија имало проблеми со апликацијата за пребројување на гласовите, повторно беа поттикнати размислувањата за опструкции како на предизборите кај деморкатите во 2016 година, кога беше на WikiLeaks објавена тајната преписка на Националниот демократски комитет (DNС) од врвот на партијата во кој се даваат инструкции како да се саботира сенаторот Сандерс во полза на Хилари Клинтон која подоца беше изнандувачки поразена од републиканецот и актуелен американски претседател Доналд Трамп.

Во петокот весникот The Washington Post објави дека официјални функционери во САД на брифинг го информирале Трамп за, според нивните тврдења, обиди на Русија да му помогне во кампањата. За каква помош станува збор, весникот не објави.

Портпаролот Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва „со жалење“ очекува дека со приближувањето на американските претседателски избори на 3-ти ноември годинава, ќе има сѐ повеќе „параноидни соопштенија“ за наводни руски обиди за мешање во американските избори.

Самиот Сандерс, пак, изрази убедување дека написот е објавен токму во моментов, со цел да се ослаби бнеговата позиција пред важната етапа од изборната кампања.

Според моменталните извештаи на американските медиуми, Сандерс по обработката на 50 отсто од гласовите во Невада, освојува 46 отсто од гласовите. Далеку зад него заостанува поранешниот американски потпретседател Џо Бајден со 19,2 отсто, трет е пораншениот градоначалник Пит Бутиџиџ со 15,4 отсто, а следата Елизабет Ворен со 10,3, Ејми Клобучар со 4,5 и милијардерот Том Стајер со 3,8 отсто. Пратеничката во Претставничкиот дом Тулси Хабард освоила само 0,1 отсто од гласовите.

Врз основа на моменталната распределба на гласовите, Сандар добива 13 електорски гласови, Бајден – 2 а Бутиџиџ сао еден Другите кандидати сѐ уште не може да се надеваат на гласови од делегатите од Невада на националната конвенција на демократите.

Во Невада електоратот традиционално е поделен меѓу републиканците и демократите, иако на последните три претседателски избори во оваа сојузна држава победуваат кандидатите на демократите. За разлија од Ајова и Њу Хемпшир, каде прво се одржуваат предизборите, Невада има демографска раноликост, со околу 30 отсто од гласачите на демократите кои се од латиноамериканско потекло.

Само регистрирани гласачи на Демократската партија можеа да гласаат на предизборите во Невада. Според резултатите од предизборите, оваа држава на партиската конвенција во јули ќе делегира 48 делегати, од кои 36 ќе гласаат во согласност со резултатие од изборите, а другите самоте ќе можат да одлучуваат, За победа на конвенцијата потребни се неколку илјади гласови на делегатите.

Претседателот на специјалниот комитет за разузнавање на Претставничкиот дом во Конгресот, демократот од Калифорнија, Адам Шиф, можеби стои зад протекувањето во медиумите на информацијата со наводните обиди на Москва да му помогне во кампањата на сенаторот Берни Сандерс, изјавил уште во неделата претседателот Трамп во разговорот со новинарите на Јужниот тревник на белата куќа, пред да замине за Индијана.

„Никој воопшто не ми кажал за тоа (…) Неопходно е да се спроведе истрага во однос на Адам Шиф во врска со истекувањето на оваа разузнавачка информација“, истакнал Трамп.

Адам Шиф беше на чело на комитетот за разузнавачките служби на Претставничкиот дом кој подигна обвинение за отпопвикување од претседателската должност на Доналд Трамп, кое не мина во Сенатот.