Трамп бара Бајден да се тестира на дроги пред дебатата

Републиканскиот претседател Доналд Трамп повторни побара неговиот демократски против кандидат Џо Бајден, да се тестира на дроги пред првото телевизиско соочување во вторник.

„Ќе барам заспаниот Џо Бајден да се тестира на дрога пред или по дебатата во вторник навечер. Секако, и јас ќе се согласам на тоа“, објави Трамп на Twitter.

„Неговото однесување во дебатите е невоедначено, благо да се изразам, а тоа би можело да го предизвикаат само дроги???“, додаде Трамп.

Менталната состојба и конгитивните способности на Бајден со месеци се цел на напади на републиканците. Трамп и неговиот изборен штаб редовно прават шеги на сметка на Бајден, бидејќи тој не излегуваше од својата куќа во Вилмингтон по наглото прекинување на кампањата во средината на март поради коронавирусот.

Кампањата на Трамп, исто така, ги доведува во прашање и менталните способности на противникот и тврди дека Бајден се крие во подрумот од неговата куќа за да не го види никој. Познат по гафовите и грешките во импровизираните говори, Бајден ги отфрла овие обвинувања и вели дека „нестрпливо“ го очекува соочувањето во трите дебати со Трамп за да расчистата „кој е попаметен“.

Трамп последните седмици го обвинува Бајден дека зема стимуланси и се дрогира за да ги подобри своите јавни настапи, но секако досега нема докази за тоа.

Првата телевизиска дебата меѓу двајцата кандидати за нов американски претседател е во вторникот вечерта, а другите две се предвидени за 15-ти и 22-ри октомври.