Трамп бара државниот обвинител да го истражи синот на Бајден

266

Американскиот републикански претседател Доналд Трамп го повика во втоникот главниот државен обвинител и министер за правосудство Вилијам Бар да отвори истага за корупција против синот на неговиот демократски противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден.

„Државниот обвинител мора да се придвижи. Тој мора да дејствува, и тоа брзо“, рече Трамп по телефонскиот разговор за телевизиската мрежа Fox News, и повика наодот од истрагата да биде објавен пред 3-ти ноември.

„Тој мора некого да задолжи за тоа“, рече Трамп одговарајќи на прашањето дали Бар треба да именува специјална група за истрага за обвинувањата против Хантер Бајден објавени во весникот The New York Post минатата седмица.

Весникот објави електронска преписка на Хантер Бајден, од кои може да се извлече заклучокот дека неговиот татко тогашен американски потпретседател ја користел функцијата за да му помогне на синот да се збогати, но и да биде забошотена истрагата за корупција против украинска енергетска компанија во чиј управен одбор бил Бајден помладиот.

Џо Бајден кусо минатата седмица негираше дека го кршел законот и тврдеше дека со својот син не зборува за неговите работи. Изборниот штаб на демократите минатата среда негираше дека Џо Бајден се сретнал во посочениот период во САД со Пожарски.

Написот во The New York Post се базира на електронска преписка на Хантер Бајден. Едно од писмата датирано од 17-ти април 2015 година испратено една година откако синот на Џо Бајден влезе во управата на украинската енергетска компанија „Bursima“, каде што примал месечен надомест од 50.000 долари месечно, иако не бил ниту стручен ниту за енергенсите, ниту за Украина. Советникот на управата на компанијата, Вадим Пожарски, во ова писмо му се заблагодарува на Хантер Бајден за поканата во Вашингтон и можоста да се сретне со неговиот татко Џо Бајден, кој во тоа време беше потпретседател во администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама. Во вториот презентиран допис од мај 2014 година, Пожарски бара совет од Бајден помладиот за тоа како неговото влијание може да се користи „од име на компанијата“.

Хантер Бајден во 2014 година, по превратот во Киев, станал член на управниот одбор на најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma“ а неговиот татко Џо Бајден во 2016 година стана главен човек во САД задолжен за Украина. Младиот Бајден земал 50.000 долари месечно иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергијата. Потпретседатлот Бајден му се заканил на тогашниот украински претседател Петро Порошенко со запирање на американската помош за да го присили да го отпушти главниот државен обвинител Виктор Шокин кој ја истражувал корупцијата во компанијата, а меѓу другите бил истражуван и Хантер Бајден, кој остана член на управата на „Burisma“ до 2019 година.

Фактите покажуваат дека Шокин беше сменет во тој период, а запрена истрагата за „Burisma“. Во февруари 2020 година, украинското Државно биро за истраги отвори кривична постапка по изјавата на Шокин за наводно мешање во неговата истрага од страна на Џо Бајден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.