Трамп бара еднаквост за сите граѓани, порача дека ова е „важен ден“ за Флојд

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека сите американски државјани заслужуваат да бидат еднакви пред законот и порача дека ова е „важен ден“ за 46-годишниот Џорџ Флојд, 46-годишниот афроамериканец кој на 25-ти мај во Минеаполис го загуби животот како резултат на бруталност од бели полицајци при негово апсење.

„Тоа нашиот Устав го бара и тоа е суштината на нашата земја“, изјави Трмп на првата прес-конференција по неколку дена.

САД се зафатени од масовни протести против полициската бруталност кон афроамериканската заедница по убиството на Флојд. Но протестите се претворија во вандализам, масовни грабежи, подметнувања пожари и судири со силите за воспоставуње на редот. Во текот на овие немири животите ги загубиле петнасетина лица, според процените на медиумите.

„Еднаквите права според законот мора да значат дека секој Американец добива подеднаков третман во секоја средба со полицијата независно од расата, независно од бојата на кожата, родот или верувањето, полицијата мора праведно да ги третира“, рече Трамп.

„Сите видовме што се случи минатата седмица, не можеме да дозволиме тоа да се случува“, додаде американскиот претседател.

„Се надеваме дека Џорџ сега нѐ гледа од горе и вели дека ова што се случува во земјата е важно. Ова е важен ден за него. Ова е важен ден за сите. Ова е важен, важен ден кога станува збор за еднаквоста“, рече Трамп.

Доналд Трамп веднаш по инцидентот го осуди убиството на Џорџ Флојд, и им изрази поддршка на мирните протести.

Меѓутоа, често неговите политички противници го критикуваат дека наводно „не се изјаснил јасно“ против системскиот расизам и затоа што не покажал „доволно разбирање за изливот на гнев“ ширум САД.

Трамп повторни ги повика гувернерите на сојузните држави да ја ангажираат Националната гарда за да ги сузбијат безредијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.