Трамп барал од Ким предавање на нуклеарното оружје на САД

На денот кога пропаднаа преговорите во виетнамската престолнина Ханој минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун му подал лист хартија на кој стоело отворен повик Северна Кореја да го пренесе својот нуклеарен арсенал и горивата за ракетите во САД, се наведува во документот кој во петокот ноќта дошол во посед на агенцијата Reuters.

Според агенцијата Трамп на Ким му предал верзија од документ кој содржел повик да се пренесе севернокорејското нуклеарно оружје и гориво на корејски и англиски јазик во ханојскиот хотел „Metopol“ на 28-ми февруари. Како што рекол соговорникот на Reuters запознаен со документот, требало да покаже што САД и самиот Трамп точно подразбираат под „потполна и целосно проверлива денуклеаризација на Северна Кореја“.

Работниот ручек на двајцата челници беше откажан подоцна во текот на денот. Ниедна од страните не ја откри причината за таа одлука, но овој документ би можел да ги расветли нејзините причини. Белата куќа во саботата сѐ уште не го коментираше тврдењето на агенцијата, а Стејт департмент одбил да зборува за документот.

Во англиската верзија од документот со кој е запознаена агенцијата, се повикува на целосно отстранување на нуклеарната инфраструктура на Северна Кореја, елиминирање на програмите за развој на биолошко и хемиско оружје, како и сите балистички проектили, лансери и сродни објекти. Покрај тоа, документот содржи барање Пјонгајнг да осигури сеопфатна декларација за својата нуклеарна програма и да ја суспендира изградбата на сите нуклеарни инфраструктурни објекти, како и да осигури пристап до нив за американски и меѓународни стручњаци.

Првпат овој документ го спомена советникот за безбедност на Белата куќа, Џон Болтон во телевизиските појавувања по дводневниот самит. Тогаш не го откри клучниот американски барања од Пјонгјанг од документот, за пренесот на оружјето и материјали во САД. Се чини дека овој текст го содржи доглогодишниот и тврдолиниски ткн „либиски модел“ на Болтон за денуклеаризација на Северна Кореја, кој неколкупати го одби Ким сметајќи го за навредлив и провокативен, сметаат аналитичарите. Северникорејскиот челник во минатото порача дека го отфрла ткн „либиски модел“ имајќи предвид дека поранешниот либиски челник Моемер ел-Гадафи се откажа од развојот на нуклеарна програма под приотисок на Западот, а потоа западните земји организираа бунт и преземаа операции со кои беше соборен од власта и потоа ликвидиран.

Трамп претходно за јавноста се огради од пристапот на Болтон исткана дека „либискиот модел“ бил искористен само во случај кога ќе изостане договор. Идејата Северна Кореја да го предаде своето пружје прв ја предложи самиот Болтон уште во 2004 година. Својот предлог го повтори минатата 2018 година, кога американскиот претседател го именуваше за свој советник.

Севернокорејски функционер по самитот во Ханој ги обвини Џон Болтон и државниот секретар Мајк Помпео дека изнеле „гангстерски барања“ и исткана дека Пјонгјанг разгледува прекинување на преговорите со Вашингтон и укинување на самонаметнатото запирање на нуклеарните тестови.
.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.