Трамп без покана на самитот за климатски промени во Франција

Француските власти соопштија дека претседателот на САД Доналд Трамп не е меѓу над 100-те светски лидери повикани да присуствуваат на Самитот за борба со климатски промени во Париз, кој треба да се одржи следниот месец.

Претседателот на Франција Емануел Макрон планира на самитот да ја форсира својата агенда под насло,  „Да ја направиме нашата планета повторно голема“. Тоа е алузија на слоганот на Трамп за време на претседателските изботри во 2016 година кој гласеше: „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Самитот има за цел да промовира т.н. зелени проекти и да обезбеди нови извори за финансирање. Според западните медиуми, испратени се покани до шефовите на оние држави кои се „посебно посветени“ на Парискиот климатски договор од 2015 година, но дека покана за САД ќе биде испратена на „дипломатско ниво“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.