Трамп бил многу скептичен по изборот на Зеленски, тврди Вокер

Поранешниот специјален пратеник на Стејт департментот за Украина, Курт Вокер

Американскиот претседател Доналд Трамп со „длабок скептицизам“ гледал на изборот на Владимир Зеленски за претседател на Украина којашто ја нарекол „корумпирана држава, полна со ужасни луѓе“, изјавил на соослушувањето во Конгресот за процесот на импичментот за Трамп, поранешниот специјален претставник на САД за Украина, Курт Вокер.

Според Вокер, врз ваквото мнение на Трамп влијаел личниот адвокат на американскиот претседател, поранешниот њујоршки градоначалник, Рудолф Џулијани.

„Проблемот е во тоа што и покрај едногласната позитивна оценка и препораките на оние кои учествуваа во американската делегација на инаугурацијата на Зеленски, претседателот Трамп добил поинакви, негативни пораки за Украина и претседателот Зеленски. Овие негативни прикази…. му биле претставени на претседателот од поранешниот градоначалник Руди Џулијани“, рекол Вокер.

Појаснил дека тоа го сфатил во текот на средбата на споменатата делегација со Трамп на 23-ти мај, по нејзиното враќање од инаугурацијата на Зеленски.

„Ние го истакнавме нашиот заклучок, дека претседателот Зеленски е најдобрата шанса да се извлече Укрина од мочуриштето на корупцијата, во последните повеќе од 20 години. Го охрабривме (Трамп) да го покани претседателот Зеленски во Белата куќа“, додал Вокер.

„Претседателот беше многу скептичен. Со оглед на историјата со корупцијата во Украина, тоа е разбирливо. Тој рече дека Украина е корумпирана земја, полна со ужасни луѓе. Рече дека тие се обиделе со, цитирам, ‘ресетирајте ме’“, рекол Вокер.

Ја имал предвид теоријата, според којашто Украина се мешала во американските избори и се обидувала да осигури Трамп да не биде избран за претседател. Според Вокер, тој сфатил дека кај Трамп има „длабоко вкоренето од минатото негативно мислење за Украина“.

Втора седмица во Конгресот се одржуваат сослушувањета во врска со истрагата што ја поведоа демократите за импичментот за претседателот Доналд Трамп, која беше отворена во вторникот во Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. Демократите го отпочнаа пороцесот за отповикување на републиканскиот претседател под сомнение дека тој ја условил американската воена помош за Украина со отоворање истрага за активностите на поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој е веројатен него демократски противкандидат на изборите во 2020 година.