Трамп целосно го поддржува Болсонаро, бразилскиот претседател му се заблагодари Вашингтон

40

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази „целосна поддршка“ за бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е во вербална „војна“ со францускиот претседател Емануел Макрон.

– Тој напорно работи на гаснењето на пожарите во Амазонија и со должно почитување прави одлична работа за народот на Бразил. Не е лесно. Тој и неговата земја имаат целосна и комплетна поддршка од САД, напиша Трамп на Твитер.

Болсонаро кусо потоа му се заблагодари на американскиот претседател.

– Со голем успех се бориме со пожарите, напиша Болсонаро на Твитер одговарајќи на твитот на Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.