Трамп до 20 јануари превилигран од Твитер, потоа ќе му ги цензурира и брише твитовите

На 20 јануари кога Џо Бајден официјално ќе ја преземе функцијата претседател на САД, досегашниот американски претседател, Доналд Трамп, ќе го изгуби својот „посебен третман“ на социјалната мрежа Твитер.

Од компанијата соопштија дека профилот на Доналд Трамп, по истекот на неговиот мандат како претседател на САД, ќе биде третиран според истите правила како и секој друг обичен профил, бидејќи посебниот третман важи само за актуелните светски лидери.

Твитер брише се што не е во согласност со нивните правила, но тоа не се однесува на светските лидери. Во случај на прекршување на правилата на компанијата, нивните твитови не се бришат, туку се скриени и означени како „од јавен интерес“.

-Оваа политика се однесува на актуелните светски лидери и кандидати за функции, но не и за граѓаните, приватните лица, кои престануваат да заземаат некои позиции соопштија од Твитер.

Компанијата викендот обележа голем број твитови на Доналд Трамп со знак за предупредување, поради тоа што во нив се зборуваше за наводна изборна измама.