Трамп до демократите во Невада: „Пазете се од Русија, Русија, Русија“

59

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на демократите во државата Невада, кои гласаат за кандидатите на таа партија на претседателските избори, дека треба да внимаваат на „Русија, Русија, Русија“.

Трамп на тој начин иронично го коментираше пишувањето на медиумите дека Москва, наводно, во својата кампања му помага на демократскиот кандидат за претседателските избори во САД, Берни Сандерс.

„Демократи во големата држава Невада (која ќе ја победам во ноември заради економијата, работните места, војската и ветераните), пазете се од Русија, Русија, Русија“, објави Трамп на Твитер.

Тој додаде дека, според Адам Шиф, кого го нарече „корумпиран политичар“, Русија се обидува да го натера „лудиот Берни Сандерс“ да победи.

„Гласајте“, рече Трамп во време кога гласачите во Невада гласаа ма кокуси, партиска прелиминарно изјаснување за кандидатот за демократски претседател во ноември годинава.

Сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс е фаворит во Невада, каде анкетите за јавното мислење ја покажуваат неговата јасна предност пред другите кандидати.

Сандерс претходно ја предупреди Русија да не се меша во изборите во САД, откако американските разузнавачи го известија дека Москва, наводно, се обидува да помогне во неговата кампања.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори, објави дека американски официјални лица го информирале Сандерс за активностите на Русија и го известиле и претседателот Трамп и други американски претставници. Според извор од Конгресот, Русија се обидува најверојатно со кампања на дезинформации и пропаганда да ги зајакне кандидатурите на Сандерс и на Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.