Трамп е „апсолутно уверен“ во победа на претседателските избори 2020-та

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека е „апсолутно сигурен“ во својата победа на претседателските избори кои ќе се одржат точно по една година – на 3-ти ноември 2020 година.

Ова Трамп го изјави во текот на разговорот со новинарите во градината на Белата куќа кој го пренесуваа американските телевизии. Претседателот беше запрашан дали е убеден дека може да биде реизбран за вториот мандат.

„Јас сум апсолутно сигурен. Сѐ е добро според анкетите. Луѓето не сакаат да слушнат за импичментот. Единствените кои сакаат да зборуваат за импичментот се лажливите медиуми и демократите, кои во основа и работат во тие медиуми. Јас така гледам на тоа, дека демократите работата со медиумите“, додаде Трамп.

Почетокот на предизборната кампања во САД е по 13 седмици, на 3-ти февруари од сојузната држава Ајова, каде што ќе се одржи првиот од собирите на партиските активисти, на кои ќе бидат избирани делегатите коишто ќе бидат избрани прво на локалните партиски конвенции на демократите и републиканците, а потоа и на националните конвенции. Во државата Њу Хепшир на 11-ти февруари ќе се одржат првичните избори, кои се разликуваат од предизборните конвенции по тоа што на нив се избираат делегатите веднаш на национално ниво.

Ривалот на Трамп за претседателската должност ќе биде познат на конвецијата на Демократската партија која ќе се одржува од 13-ти до 16-ти јули 2020 година во Милвоки, во Висконсин. Републиканците својата конвенција ќе ја одржат од 24-ти до 27-ми авгуист во Шарлот, во Северна Каролина.

На денот на гласањето, претедателските кандидати ќе треба да обезбедат гласови од 270 до членовите на ткн избирачки колеџ од 538 членови. Во согласност со традицијата која постои од 1937 година, инаугурацијата на новиот американски претседател ќе се одржи точно напладне на 20-ти јануари 2021 година.