Трамп е „морално неспособен“ да управува со земјата, тврди Коми

Доналд Трамп е „морално неспособна“ личност да биде американски претседател, тврди поранешниот директот на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, кој се врати во центарот на вниманието ден пред објавување на неговата во својата мемоарска книга во која се осврнува на контроверзиите во кои бил вмешан во текот на претседателските избори во 2016 година.

„Нашиот претседател мора да го отелотвора почитувањето и да се придржува до вредностите кои се во сржта а оваа земјаа, најважното е вистината …. Сегашниот претседател не е способен да го стори тоа. Тој е морално неподобен да биде претседател“, изјави Коми за ABC News во интервјуто објавено во неделата ноќта.

Поранешниот шеф на FBI ги негираше гласините околу менталната и физичката неспособност на Трамп да ја води Белата куќа.

„Ме нападна како личноста со натпросечна интелигенција којашто го следи текот на разговорите и знае што се случуа. Не мислам дека е медицински непогоден за да биде претседател. Мислам дека е морално непогоден да биде челник“, додава.

Обвинувајќи го републиканскиот претседателот дека е недискриминирачки лажго, Коми рече „понекогаш лаже на очигледни начини, понекогаш вели дека за работите што не сме ги знаеле се вистините или лажни, а потоа цел спектар меѓу нив“.

Рече дека како морално неспособна личност, Трамп им нанесува огромна штета на институционалните и културните норми.

„Личност којашто зборува за жените и ги третира како парче место, којашто константно лаже и за големи и за мали работи и инсистира американскиот народ да му верува – таа личност не е способна да биде претседател на САД, на морална основа“, рече Коми во интервјуто снимено минатата седмица во коешто зборуваше за својата нова книга под наслов „Повисока лојалност: Вистна, лаги и водство“ којашто треба да се појави во вторник.

Во интервјуто појасни дека насловот на книгата произлего од бизарната конверзација којашто ја имал со Трамп во Белата куќа во јануари 2017 година, непосредно по инаугурацијата на претседателот. Коми, исто така, рече дека Трамп постојано барал „дамки“ кај луѓето кои го опкружуваат.

Сугерираше дека Трамп стравувал дека Русите го знаат неговите тајни. Коми изнесува поразителна слика на претседателот за кој вели дека е некој кој „не е наклонет на вистината“. Трамп ги „движи егото“ и „бара лична лојалност“, пишува сменетиот шеф на FBI.

„Мислам дека тоа е можно. Не знам. Ова се зборив коишто никогаш не сум помислувал дека ќе го кажам за американски претседател, но ете е можно“, одговори Коми.

„Побара моја лична лојалност како директор на FBI. Па јас би требало да бидам лојален на американскиот народ и институцијата“, рече Коми кој во книгата го опишува Трамп како „роден лажго и неморален челник“. Изнесе поразителна слика за претседателот за кој вели дека е некој кој „не е наклонет на вистината“.

Трамп веднаш му одговори на Комија дека е „лажлив неранимајко“ и дека бил ужасен директор на FBI. И во неделата се нафрли на него во своите нови твитови, нарекувајќи го „лиге кое секогаш лошо завршува“, додавајќи дека историјата ќе го памети како „најлошиот директор на FBI во историјата“.

Меѓу повеќето работи, Коми во книгата пишува и дека Трамп го искористил законот со него за да ги негира непотврдените наводи дека користел услуги на проститутки во текот на неговиот престој во Москва во 2013 година. Обвинувањето, вклучително и тоа дека руските служби го снимиле дружењето на Трамп со проститутки, ги изнесе поранешниот британски разузнавач Кристофер Стил, но тие никогаш не беа потврдени. Книгата на Коми, дека Трамп го расправал за тие обвинувања. Според поранешниот шеф на FBI, претседателот на САД „силно ги негираше обвинувањата, прашувајќи, реторички претпоставувам, дали изгледа како маж кому му се потребни проститутки“.

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападиа Џејмс Коми во петокот објавувајќи на Twitter дека поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI) е „докажан ЦИНКАРОШ И ЛАЖГО“ и дека би „требало да оди пред суд“ за да одговара за одавање тајни.

„Буквално сите во Вашингтон сметаа дека тој треба да биде отпуштен поради ужасната работа којашто ја одработи – и на крајот е отпуштен. Он ја пушти во јавноста информацијата ПОД ОЗНАКА НА ТАЈНОСТ и поради тоа треба судски да одговара. ПОД ЗАКЛЕТВА го лажеше Конгресот“, напиша Трамп.

Трамп го отпушти Коми во мај 2017 година поради низа забелешки,м меѓу кои и обвинувањето за пристрасност во истрагата за неговата изборна кампања за разлика од истрагата за злоупотребата на приватните сервери за официјалната преписка на неговата конкурентка на изборите во 2016-та, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Тоа доведе до отворање на посебна истрага на министерството за правда за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД и договор со кампањата на Трамп.

„Тој е слабак и лажлив неранимајко и беше, како што покажа и времето покажа, ужасен директор на FBI. Начинот на кој го водеше случајот на Хилари Клинтон и настаните поврзани со тоа, ќе се паметат како еден од најлошите ‘фушераи“ во историјата. Ми претставуваше голема чест што го отпуштив Џејмс Коми“, продолжи Трамп во друг твит во петокот.

Трамп го отпушти Коми во мај 2017 година поради низа забелешки,м меѓу кои и обвинувањето за пристрасност во истрагата за неговата изборна кампања за разлика од истрагата за злоупотребата на приватните сервери за официјалната преписка на неговата конкурентка на изборите во 2016-та, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Тоа доведе до отворање на посебна истрага на министерството за правда за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД и договор со кампањата на Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.