Трамп: Ќе победиме во борбата со демократите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази уверување дека ќе побди во борбата со конгресмените кои му почнаа процедура за пишување формално обвинение против него.

„Добрата вест е што републиканците никогаше не биле толку обединети“ наведе Трамп на Твитер и додаде „Ќе победиме!“.

Процедурата за смена на Трамп е во поодмината фаза во Претставничкиот дом на Конгресот, каде мнознството го сочинуваат демократите, кои за тоа ќе можат да се изјаснат пред крајот на годината. Потоа постапката се префрла во Сенатот на Конгресот каде, пак, мнозинството го имаат републиканците.

Ненси Пелоси, претседавач со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, денеска побара да се почне со пишување на обвинението против американскиот претседател заради „злоупотреба на положбата“, бидејќи тој „повторно се обидува да ги компромитира изборите во своја корист“.

-Од претседателот на Одборот за правосудство, Џери Надлер, барам да го подготви текстот на обвинението против Трамп, додаде Пелоси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.