Трамп ќе потпише уредби за пониски цени на лековите

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише три извршни указа за намалување на цените на лековите коишто се добиваат на рецепт, објави шефот на неговиот кабинет Марк Медоус.

„Претседателот ќе потпише три различни извршни укази со коишто во значителна мерка ќе се гарантира дека просечниот Американец ќе плаќа помалку за своите лекови на рецепт“, изјави Медоус во интервјуто за Fox Business Network, но не прецизираше кога уредбите ќе бидат поптишани.

Во понеделникот Медоус за телевизиската мрежа Fox News изјави дека Белата куќа сака да преземе одредени иницијативи во врска со цените на лековите кои се добиваат на рецепт, имајќи предвид дека Конгресот не презема кокретни мерки.

Истиот ден Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозиснтвото го имаат опозициските демократи, усвои предлог-закон за здравство кој вклучува и одредби за намалување на цените на лековите на рецепт. Се очекува овој предлог-закон да дојде во Сенатот, каде што мнозинството го имаат републиканците, а медиумите кои главно ги поддржуваат демократите тврдат дека се очекува сенаторите да го блокираат предлог-законот.