Трамп е уверен дека Кина може да се справи со коронавирусот, Си Џинпинг спроведува „национална мобилизација“

Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Кина „во целост е способна“ да ја спречи епидемијата на коронавирусот. Тој рече дека Кина започна „народна војна“ против епидемијата воспоставувајќи „национална мобилизација” и „најостри мерки за спречување и контрола“, а упати и апел до САД „разумно“ да реагираат на епидемијата, пренесе кинеска телевизија.

Како што пренесуваат кинески медиуми, Трамп од своја страна „изразил уверување“ во способноста на Кина да се соочи со предизвикот од епидемијата на коронавирусот, изјавил портпарол на Белата куќа.

Бројот на лица кои досега починаа со последици од коронавирусот во Кина надмина 630, а вкупно се заразени повеќе од 31.000.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.