Трамп: Ерусалим е главниот град на Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп објави денес дека дошол моментот Ерусалим да биде официјално признат како престолнина на Израел.

Тој истовремено му даде инструкции на Стејт департментот да почне со подготовки за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, јавува Асошиејтед прес.

Трамп истакна дека САД остануваат длабоко посветени на тоа да посредуваат во постигнувањето мировен договор кој би бил прифатлив за двете страни на Блискиот Исток.

„Одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел требаше да биде донесена одамна. Ова претставува почеток на новиот пристап во конфликтот на Израел и Палестина“, кажа американскиот претседател.