Трамп ги нападна „левичарската културна револуција“ и „новиот крајно лев фашизам“

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ги нападна „разјарените толпи“ кои се обидуваат да ги урнат спомениците на личностите од периодот на Конфедерацијата и други историски личности, вклучително и Кристофер Колумбо, италијанскиот морепловец кој во историјата е влезен како откривачот на Америка, предупредувајќи ги илјадниците свои приврзаници на планината Рашмор дека демонстрантите се обидуваат да ја избришат американската историја.

Поддржувачите на „новиот екстремен лев фашизам“ во САД сакаат да ја уништат историјата на земјата и да ја „омаловажат американската револуција“, рече Трамп во говорот во сојузната држава Јужна Дакота во пресрет на Денот на независноста.

„Нашата земја беше сведок на безмилосна кампања за уништување на нашата историја, клевети на нашите херои, бришење на нашите вредности и за индоктринација на нашите деца. Разјарените групи се обидуваат да ги урнат сппомениците на нашите основачи. Тие мислат дека американскиот народ е слаб, мек и покорен. Но тоа не е така“, истакна Трамп.

Рече дека вандалите кои се обидуваат дак ги урнат спомениците „се стремат да ги прекинат врски на љубовта и верноста“ кои Американците ги имаат кон САД и меѓу себе.

„Нивната цел не е најдобрата Америка. Нивната цел е да се стави крај на Америка“, оцени Трамп. Истакна дека појавата на „овој нов екстремен левичарски фашизам бара апсолутна лојаност“ и во неговтата суштина претставува тоталитаризам.
„На дело е ултралевиот фашизам кој бара безусловна лојалност. Ако не зборувате со тој јазик, не ги спроведувате нивните тируали, не ги повторувате нивнтие фрази и не ги следите наредбите, тогаш ќе бидете цензорирани, прогонувани, ставани на црна листа, прогонети и казнети. Тоа нема да ни се случи“, порача Трамп.

„Не бидете во заблуда, целата оваа левичарска културна револуција е создадена за тоа да ја урне американската револуција. Нашите деца ги учат да ја мрзат сопствената земја “, рече Трамп.

„Тие сакаат да нѐ замолчат, но ние нема да молчиме“, продолжи американскиот претседател. Вандалите, како што додаде, ги напаѓаат „величествената слобода“ и наследството на САД „мора да бидат запрени што побрзо“.

„Радикалната идеологија која ја напаѓа нашата зејмја, се промовира под знамето на социјалната првада. Оние кои се стремат да го уништат нашето наследство, сакаат Американците да заборават на својата гордост и на нашето големо достоинство, за да не можеме повеќе да се разбереме себеси и судбината на Америка“, рече уште Трамп.

Во амфитеатарот на планината Рашмор, според процените се собрале околу 7.500 луѓе и многумина не носеле маски, пркосејќи им на повиоците да се избегнат масовни собири и да се носат маски поради последните рекордни бројки на заразени од коронавирус.

На планината Рашмор каде се издлабени ликовите на Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн, огномет не е одржан од 2009 година поради опасност од предизвикување пожар. Трамп се заложи за огномет кох бепе и одржан, а властите на Јужна Дакота оценија дека околните шуми зајакнале и станел поотпорни на пожари и во прв ред дека заштитата во превентива и опрема од нив е далеку понапредна од периодите коига претходните огномети ги предизвикуваа, како и самата технологија на приредувањето огномети.

Припаднции на локалните индијански племиња кои протестираа пред доаѓањето на Трамп се приведени поради блокирање на сообраќајниците кон споменикот. Тие го критикуваат доаѓањето на претседателот поради поради ризикот на ширење на коронаворусот и прославата на Денот на државноста на место кое за нив е свето, што во минатото не се случуваше. Официјалната прослава на 4-ти Јули, Денот на независноста, ќе се одржи во Вашингтон.

Јужна Дакота е силна база на републиканците и не е толку погодена од коронавирусот како другите сојузни држави, но пред одржувањето на прославата медиумите пишуваа дека во округот во кој е планината Рашмор наводно последниот месец се удвоил бројот на заразените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.