Трамп ги објасни причините за разрешувањето на Болтон, не исклучува ублажување на санкциите за Иран

Разршениот помошник за национална безбедност на претседателот на САД, Џон Болтон, направи големи грешки и не најде заеднички јазик со важните луѓе во администрацијата во Вашингтон, објасни во средата за новинарите американскиот претседател Доналд Трамп кој истовремено не ја исклучува можноста за ублажување на санкциите против Иран со што би можело да се создаде шанса за средба со иранскиот колега по должност Хасан Роухани.

„Кога зборуваше за ‘либискиот модел за (севернокорејскиот челник) Ким Џонг-ун, тоа беше погрешна изјава. Погледнете што се случи со (егзекутураниот претседател Моемер) Гадафи. Не беше неопходно да се даде таква изјава. Тоса смо нѐ вради назад“ во преговорите со Пјонгјанг за денукеларизацијата на Корејскиот полуостров, истакна Трамп.

„Не се согласува со Џон Болтон во врска со неговиот став за Венецуела. Мислам дека тој зазеде неприфатлива позиција и, верувам, дека јас сум во право“, додаде Трамп.

„Тој направи неколку многу големи грешки. Јас, всушност, имав многу добри односи со него, но тој не најде заеднички јазил со луѓето во администрацијата коишто јас ги сметам дека се многу важни“, истакна американскиот претседател.

Трамп додаде дека разгоелдува пет кандидати за функцијата нов помошник за национална безбедност наместо Болтон. Американскиот претседател во вторникот на Twitter објави дека го разрешил Болтон од должноста. Според заменикот портпарол на Белата куќа, Хоган Гидли, сегашниот заменик на Џон Болтон, Чарлс Каперман ќе биде вршител на должноста советник за национална безбедност.

Трамп, исто така, во средата не ја исклучи можноста од ублажување на санкциите кон Иран, воведени повторно откако САД во мај еднострано истапија од нуклеарниот договор кој Техеран го постигна во 2015 година со шесте светски сили, што доведе до ескалација на тензиите во Персискиот залив. Уште во својата претседателска кампања во 2016 година, Трамп овој документ чија цел е да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје го критикуваше како преблаг и сака тој да се прошири и на иранската балистичка програма и влијанието и активностите на Техеран во регионот на Блискиот исток.

Избегнувајќи го директниот одговор на ова чувствителни прашање, на новинарско прашањето за делумното укинување на санкциите за да се создаде можност за историска средба со иранскиот претседател Хасан Роухани, Трамп одговори „Ќе видиме, ќе видиме“.

„Мислам дека Иран поседува огромен потенцијал. Се надеваме на постигнување договор“, додаде Трамп и го потврди своето уверување дека Техеран сака договор.

Иран претходно во средата повторни ја отфрли можноста за средба меѓу двајцата челници без укинување на санкциите.

„Сѐ додека економскиот тероризам на американската влада и свирепите санкции му се наметнати на иранскиот народ, нема место за преговори“, рече Маџид Ракт-Раванчи, ирански дипломат во Обединетите нации.

Ваквиот одговор на Трамп претставува отстапување ово однос на непопустливиот став од страна на неколку членови од неговата администрација.

„Не можеме да бидеме појасни во врска со решителноста за покренување кампања на максимален притисок и немаме намери да одобриме исклучоци ниту иотстапувања. САД ја интензивираат својата кампања на максимален притисок“, изјави на почетокот од септември американскиот претставник за Иран, Брајан Хук.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.