Трамп ги обвини радикалните левичари за противење на именувањето на Кавано во Врховниот суд

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека радикалните леви политичари ja напаѓаат неговата номинација на Брет Кавано за Врховниот суд, изрази сомневање за обвинувањето на жената која го обвинува кандидатот дека наводно ја силувал уште во 1982 година.

„Судијата Кавано е добар човек со беспрекорен углед кого го напаѓаат радикално левите политичар кои не сакаат да ги дознаат одговорите туку само сакаат да уништуват и да одложуваат“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Twitter.

Гласањето за номинацијата на Кавано е одложено откако универзитетстката професорка Кристин Блејси Форд го обвини дека во 1982 година се обидел да ја силува, додека и двајцата биле средношколци.

Претседателот на Трамп во петокот го доведе во прашање нејзиното тврдење. „Доколку нападот врз докторката Форд бил толку тежок, како што таа тврди, нема сомнение дека таа тогаш или нејзините родители полни со љубов тоа би го пријавиле“.

Форд во петокот изјави дека е расположена следната седмица да сведочи пред американскиот Сенат, но под свои услови кои не ги соопшти. Нејзината авокатка изјави дека таа нема да може да дојде на сослушувањето во понеделник, но дека наводно е подготвена да сведочи некој друг ден во седмицата „под услов сослушувањето да биде праведно и да ѝ се гарантира безбедност“, се наведува во електонската пошта којашто е испратена само до весниците The Washington Post и The New York Times.

Противниците на Трамп се надеваат дека обвинувањата на Форд по речиси четири и пол децении може да ја поткопа номининцијата на конзервативецот Кавано, кој според законот доживотно ќе биде номиниран во Врховниот суд, а чијшто избор до неодмна беше неспорен.

Оваа акција на демократите и неолибералите против Кавано е во контекст на ноемвриските избори на половината од мандатот во Сенатот, каде што републиканците ќе настојуваат да го задржат мнозинството во Сенатот, по што без проблеми би го избрале Кавано како свој кандидат за Врховниот суд на САД. Именувањата во оваа истанца која брои девет судии е важно бидејќи тие во принцип се доживотни, а во него се носат одлуки за спорните прашања како што се за абортустот, контролата во вооружувањата, смртната казна и верските права.

Претседателот Трамп во април напиша дека „Долго слушав дека најважната одлука која претседателот може да ја донесе е изборот на судија во Врховниот суд“. Неговиот кандидат Нил Мекгил Горсач беше именуван во април минатата година со што конзервативците веќе го имаат минималното мнозинство во овој суд.

Судијата Ентони Кенеди, кого Кавано би требало да го замени, беше именуван од републиканскиот претседател Роналд Реган во 1987 година, поради што со доаѓање на уште еден републикански конзервативен судија во Врховниот суд би требало да го задржи соодносот на именување на судиите од страна на претседателите. Сепак, според порталот Business Insider, претседателот Трамп наводно смета дека може да именува уште барем двајца судии поради поодминатата возраст и лошото здраве на две судијки во судот.