Трамп ги одложи новите санкции против Русија

Донал Трамп, 1 долар годишно

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи воведувањето на дополнителни санкции кон Русија и веројатно нема да ги одобри освен ако Москва не изведе нов сајбер напад, или не направи некоја друга провокација.

Ова го соопшти висок функционер на американската администрација.

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, во неделата изјави дека Вашингтон подготвува нови санкции кон Русија, поради поддршката на сирискиот претседател Башар ал Асад, но неименуван функционер денеска за американски медиуми изјави дека тоа нема да се случи.

„Вашингтон Пост“ прв пренесе дека Трамп го стопирал планот околу дополнителни економски санкции кон Русија.

Неименуван функционер на администрацијата на САД изјави дека наметнувањето на нови санкции веднаш после ракетниот напад на чело со САД против силите на Асад, кој Русија го поддржува, би претставувале проблем во напорите на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин да постигне договор околу борбата против исламскиот екстремизам, безбедноста на интернет и другите прашања.

Според зборовите на тој функционер, Трамп изразил загриженост, дека ако неговата администрација не постапува внимателно, тензиите меѓу Вашингтон и Москва би можеле опасно да ескалираат, како и дека токму поради тоа ги одложува од претходно најавените санкции.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.