Трамп ги повика приврзаниците да направат „пресврт“ на резултатот од претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика во средата своите приврзаници, две седмици откако неговиот демократски поротивкандидат Џо Бајден беше објавен од медимите за победник на изборите од 3-ти ноември, да направат пресврт на резултатите од изборите, кои и натаму и покрај одбивањето на судовите ги нарекува „изборна измама“.

Трамп преку телефон кој на звучник го држеше неговиот адвокат и поранешен њујоршки градоначалник Рудолф Џулијани, им се обрати на републиакнските сенатори во парламентот на сојузната држава Пенсилванија.

„Мораме да направиме пресврт на овие избори. Демократите мамеа. Тоа беше лажно гласање“, порача Трамп.

Истовремено Бајден возврати дка Американцит нема да прифатат „непочитување на резултатите“ од 3-ти ноември.

„Мислам дека овој мрачен период на поделби и демонизации ќе им го отстапи местото на годините на светлината и единството“, изјави Бајден во говорот по повод Денот на благодарноста сѐ уште не изглегувајќи од својата куќа во Вилмингтон во сојузната држава Делавер.

Резултатите во Пенсилванија, по налог на тамошните власти беа објавени во вторникот и се во полза на Бајден, па веќе е прогласен за 46-от претседател на САД. Според непотполните конечни податоци, Бајден освоил речиси 80 милиони гласови, наспроти повеќе од 74-те милиони на Трамп, што е рекорден број гласови кои ги освоил актуелен претедател кој барал втор мандат.

Невообичаено за САД, изборната победа на Бајден ја прогласија медиумите дури на 7-ми ноември, а Трамп од тогаш безуспешно се обидува да ја добие правната битка за докажување на, како што тврдат републиканците, бројните нерегуларности на гласањето и броењето на гласовите.

Сепак, под големиот притисок, кој дојде и од републиканците кои припаѓаат на ткн политички естаблишмент во Вашингтон, Трамп дозволи неговата администрација да соработува со транзицискиот тим на Бајден за пренесување на овластувањата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.