Трамп го честиташе падот на Берлинскиот ѕид, го критикуваше социјализмот и го цитираше „Фауст“

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата ѝ го честиташе на Германија 30-годишниот јубилеј од обединувањето односно падот на Берлинскиот ѕид, нарекувајќи ја една од највредните сојузнички на САД, цитирајќи го славниот германски поет Гете, што често го прави во предизборните кампања критикувајќи го социјализмот.

„Студената војна одамна заврши, но тиранските режими ширум светот и натаму ги користат тактиките на тоталитарните репресии во советски манир, кои фрлија трајна сенка на историјата… Судбината на Берлинскиот ѕид нека биде лекција за репресивните режими и владетели ширум светот: нема никаква железна завеса која ќе ја задржи железната волја на луѓето кои бараат слобода“, порача Трамп.

Американскито челник, исто така, цитираше стихови од „Фауст“ на Јохан Волфганг Гете за тоа дека слободата ја освојуваат само оние кои за тоа се борат за неа секој ден.

„Ќе ја продолжиме соработката со Германија, една од нашите највредни сојунички, за да гарантираме дека огнот на слободата гори како знаме на надежи и можности за целиот свет“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

„На денешен ден во 1989 година, храбрите мажи и жени од Источна и Западна Германија се обединија за да го урнат ѕидот, како симбол на реприсијата и банкротираниот социјализам во текот на повеќе од четвртина век. На 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид му честитам на германскиот народ на обединувањето на својата земја и обновата на Источна Германија“, се наведува уште во пораката на Трамп која ја обајви Белата куќа.

Американскиот претседател, исто така, ги критикува некогашните власти во комунистичка Исочна Германија и целиот социјалистичкои блок, за угнетување на народите во нивните земји.

„Во текот на четирите децении источногерманската пропаганда трубеше за просперитетниот рај за работниците од својата страна на ѕидот. Но становите на кои им беше неопходно ремонтирање и празните продавници зборуваа за нешто сосема друго“, пишува во пораката на Трамп.

Републиканскиот претседател често го критикува социјалмизмот во текот на изборните кампањи, при што на своите опоненти од редовите на демократите, особено од левото крило на партијата, им припишува социјалистички убедувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.