Трамп го именува Елон Маск за негов советник

администрација

На само неколку дена од состанокот, на тимот на Трамп се приклучија Елон Маск од Тесла и Травис Каланик од Убер за да му помогнат полесно да го разбере секторот за јавен превоз. Како помош на Трамп ќе дојде и првото лице на Пепси, Индира Нуји. Тие како дел од неговиот форум ќе се сретнуваат со Трамп доста често за да ги споделуваат своите погледи на владините политики и да помогнат да се создаде средина каде што ќе може да просперира американскиот бизнис со што ќе создадат работни места во наредните четири години и повеќе.

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, вчера исто така оддржа состанок со најголемите технолошки умови во САД, меѓу кои Тим Кук од Епл, Елон Маск од Тесла, Џеф Безос од Амазон како и претставник од Фејсбук, Шерил Сендберг. На состанокот имаше и претставници на АјБиЕм, Микрософт, Интел, Оракл, Циско.

администрација

Забележливо е тоа што на состанокот не се појави претставник од Твитер, но не се знае дали имало покана до нив и едноставно ја одбиле или воопшто не биле поканети, покрај тоа што се знае дека Трамп својата кампања ја водеше и на социјалните мрежи, особено преку сервисот на Твитер. Тој на состанокот им вети дека неговата администрација е тука да им помогне на нивните компании да заработуваат.

5851f422ca7f0c1b008b5d91-960

Агендата на состанокот се фокусираше на зголемување на Американските работни места и за тоа како технолошките компании ќе соработуваат со новата администрација на Трамп. „Ние сакаме вие да продолжите со вашата неверојатна иновативност“, вели Трамп. „Нема никој како вас во Светот, нема никој како вас во оваа соба. Се што ќе правиме ќе биде за да ја олесниме работата на вашата компанија и ќе бидеме секогаш тука за вас.“, додава тој. Меѓудругото целта е и да се намали јазот помеѓу администрацијата и Трамп, знаејќи дека повеќето од Силиконската долина отворено ја поддржуваа Хилари за време на изборната кампања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.