Трамп го обвини Бајден за корупција, по објавата за преписката на неговиот син

Републиканскиот американски претседател Доналд Трамп повторно го обвини за корумпираност својот демократски противкандидат на изборите на 3-ти ноември, Џо Бајден.

„Џо Бајден е апсолутно е корумпиран политичар. Тој беше таков целиот свој живот“, изјави Трамп во интервјуто за телевизискиот канал Fox Business емитуван во четвртокот, откако водителот ја покрена темата за преписката на синот на Џон Бајден со советникот на управата на украинската енергетска компанија „Burisma“, Вадим Пожарски.

Притоа Трамп категорично ја отфрли претпоставката на водителот дека оваа сторија можеби била намерно продуцирана во кампањата во овој момент. Претседателот, исто така, повторно ги критикуваше одлуките на администрациите на социјалните мрежи Facebook и Twitter, кои го ограничија споделувањето на објавата во весникот The New York Post за доверливата дописката на Хантер Бајден на нивните платформи.

Весникот The New York Post во средата објави напис кој содржи електронска преписка меѓу синот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и еден од челниците на украинската енергетска компанија. Едно од писмата датира од 17-ти април 2015 година и му е испратени на Хантер Бајден една година откако бил вклучен од водството на „Burisma“. Пожарски во ова писмо му се заблагодарува на помладиот Бајден за поката во Вашингтон и за можноста да се сретне со неговиот татко, тогаш потпретседател на тогашниот демократски претседател Барак Обама. Во друга порака, пак, датирана од мај во 2014 година, Пожарски бара совет од Бајден помладиот како може да се искористи неговото влијание „од лица на компанијата“ Burisma.

Овие откритија се спротивни на тврдењата на Џо Бајден дека тој немал никаква поврзаност со активностите на неговиот син во украинска „Burisma“.

Во четвртокот портпаролот на штабот на Џо Бајден, Ендрју Бејтс, изјави дека Џо Бајден не се сретнал со советникот на компанијата од Украина, Пожарски.

„Ние ја проверивме офицјалната преписка на Џо Бајден за тој период, и состаноците за кои пишува The New York Post, никогаш не се случиле“, соопштил Бејтс во писмена изјава која ја цитира Politico.

Хантер Бајден во 2014 година, по превратот во Киев, станал член на управниот одбор на најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma“ а неговиот татко Џо Бајден во 2016 година стана главен човек во САД задолжен за Украина. Младиот Бајден земал 50.000 долари месечно иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергијата. Потпретседатлот Бајден му се заканил на тогашниот украински претседател Петро Порошенко со запирање на американската помош за да го присили да го отпушти главниот државен обвинител Виктор Шокин кој ја истражувал корупцијата во компанијата, а меѓу другите бил истражуван и Хантер Бајден, кој остана член на управата на „Burisma“ до 2019 година.

Фактите покажуваат дека Шокин беше сменет во тој период, а запрена истрагата за „Burisma“. Во февруари 2020 година, украинското Државно биро за истраги отвори кривична постапка по изјавата на Шокин за наводно мешање во неговата истрага од страна на Џо Бајден.