Трамп го обвини Сорос за плаќање на протестите против него

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека во петокот дека  жените кои протестираат поради спорниот кандидат за Врховен суд, Брет Кавано, се професионалки кои се платени од берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос и други.

„Многу непристојните врескачки во лифт се платени професионалки, кои само сакаат сенаторите да изгледаат лошо“, напиша Трамп на Twitter.

По минатонеделното сведочење во Сенатот на Кавано и на Кристин Блази Форд, која го обвини дека сексуално била нападната во 80-тите години, две жени му пришле на сенаторот Џеф Флејк наведувајќи дека се жртви на сексуално насилство и барале од него да не го поддржи кандидатот на Трамп за Врховниот суд.

„Не паѓајте на тоа! Исто така, погледнете ги сите професионално направени идентични знаци. Платени се од Сорос и од други. Тоа не се знаци направени од љубов во подрум“, додаде Трамп со хаштагот # “Troublemakers”.

Сенатот денеска треба да ја почне процедурата за гласањето за Кавано. Флејк, како и две умерени сенаторки Сузан Колинс и Лиза Мукаровски најверојатно се уште немаат одлучено како ќе гласаат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.