Трамп го одликуваше Конан, песот повреден при ликвидацијата на ал-Багдади

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот во Белата куќа го одликуваше песот Конан, припадник на специјалните сили на американската војска и херој во операцијата за апсење на челникот на џихадистичката организација Исламска држава, Абу Бакар ал-Багдади.

Белгискиот овчар Конан пристигнал во Вашингтон од Блискиот исток и од рацете на претседателот Доналд Трамп прими „медал и плакета“, пренесува телевизијата CNN.

На свеченото врачување на признанијата на учесниците во споменатата операција пристувувале и првата дама Меланија Трамп и потпретседателот Мајк Пенс кој постојано го галел Конан, пренесува агенцијата DPA.

Трамп го нарекол Конан „тврд орев“ и појаснил дека „Конан беше многу тешко повреден… мислеа дека можеби и нема да закрепне, но тој се опорави многу брзо и од тога учествуваше во многу важни напади“. Додал дека песот нема да оди во пензија и оти сега е на „врвот“ од своите зрели години.

Трамп во Белата куќа ги одликуваше сите учесници во операцијата насочена против ал-Багдади, но нивниот идентитет не е откриен, ниту им се снимени лицата.

Конан на овој настан присуствувал како симболичен претставник . „Конан одработи фантастична работа. Почестени сме што е денеска со нас“, рекол Трамп.

Кучето беше рането додека го гонело ал-Багдади во тунелот без излез во кој Конан бил испратен бидејќи се стравувало дека џихадистичкиот водач носел елек со експлозив. Ал-Багдади всушност и носел самоубиствен елек и го детонирал во тунелот, при што освен себеси уби и три свои деца. Тунелот се урнал во експлозијата, а Трамп совевремено навести дека во операцијата учестувале и други кучиња, бидејќи рече дека ал-Багдади „стаса до крајот на тунелот додека нашите пци го гонеа“.

Песот Конан е дел од специјалните сили „Делта“ кои ја извеле операцијата и неговото име претходно било тајно, но по нападот Трамп на Twitter го објави името Конан и фотографија од кучето.