Трамп го осуди ‘ловот на вештерки’, немало притисоци врз Киев

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека транскриптите од неговиот телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски покажува дека не е извршен притисок врз оваа земја за да го истражува неговиот многу можен политички противник на следните претседателски избори во 2020 година, поранешниот потпретседател Џозеф Бајден.

„Тоа е најголмиот поединечен лов на вештерки во амиканската историја, и веројатно воопшто во историјата. Тоа е срамно. Немаше притисок. Начинот на кој тое е исконструирано, тој разговор, тоа требаше да биде повик од пеколот а се покажа дека немало ништо, освен што многу луѓе рекле дека ‘не можеле да замислат дека сум толку љубезен’“, изјави Трамп и ги критикуваше „расипаните новинари“.

Американскиот претседател во телефонскиот разговор од 25-ти јули од украинскиот претседател да се види дали поранешниот американски потпретседател Џо Бајден ја прекинал истрагата за корупција за приватна украинска гасна комапнија во која на водечка позиција бил неговиот син Хантер Бајден, покажа транкриптот од декласифицираниот разговор кој претходно во средата го објави Белата куќа.

Претставничкиот дом на Конгресот покрена службеба истрага за можно отповикување на Трамп поради наводите дека се обидел да ископа политичка валканица за потенцијалниот ривал на претседателските избори во ноември 2020 година, Џо Бајден, американски политички ветерен и потпретседател во двата мандата на Барак Обама.

„Многу се зборува за синот на Бајден, дека Бајден ја запрел истрагата и тоа ги интересира многу луѓе, што и да е што би можеле да го сторите со државниот обринител би било одлично. Бајден наоколу се фалел дека ја запрел истрагата, па ако можете тоа малку да го погледата… Мене тоа ми звучи ужасно“, се наведува меѓу другото во транскриптот на Трамп.

Сомневањата потекниваат од фактот што телефонскиот разговор со Зеленски се одвивал откако Трамп наложи смрзнување на 391 милион долари американска помош за Украина. Трамп уште во вторникот најави дека неговата администрација во среда ќе објави „целосен, целосно декласифициран и нередактиран“ стенограм од разговорот за кој тврди дека бил „целосно примерен“. Потврди дека со Зеленски разговарал за Бајден и неговиот син, но дека за таа тема разговарале само попатно и дека не вршел притисок врз украинскиот челник.

Весникот The Wall Street Journal (WSJ) претходно објави дека Трамп „околу осум пати“ го замолил Зеленски да соработува со неговиот личен адвокат Рудолф Џулијани на истрагата за Хантер Даглас. Според The Washington Post, пак, една седмица пред разговорот со Зеленски, Трамп побарал да се забрани американскиот пакет воена помош за Украина од околу 400 милиони долари.

Демократите во Претставничкиот дом ги обвинија Трамп и Џулијани дека во замена за воена помош се обиделе да ја принудат Украина да започне „политички мотивирана“ истрага за синот на Бајден што може да претставува „неверојатна злоупотреба на власта“. Три парламентарни комитета на чие чело се демократите бараа Белата куќа да го предаде транскриптот од телефонскиот разговор, што Трамп и го стори.

Трамп негираше дека тргувал со воената помош во замена за покренување истрага за синот на политичкиот противник. И WSJ истакнува дека Трамп во текот на разговорот изрично не ја споменал воената помош/

„Тоа воопшто не го сторив“, рече Трамп за новинарите, додавајќи дека рекол оти Украина мора нешто да направи за да добие нешто за возврат. Зборувањејќи за Украина, исто така, рече дека „сака да види земја која нема да биде корумпирана“.

Хантер Бајден од април 2014 до април 2019 година беше член на управата на „Burisma Holdings“, украинска енергетска компанија обвинета за коруптивни активност. Како потпретседател на САД, Бајден и другите западни челници го притискаа Киев да го разреши главниот државен обвинител Виктор Шокин кој ја истражувал компанијата на Бајден помладиот, обвинувајќи го дека наводно замижува на корупцијата. Трамп тврди дека Бајден барајќи ја смената на Шокин всушност сакал да го заштити својот син.

Аноминем „свиркач“ од американското разузнавање во Украина на 12-ти август доставил информација до Мајкл Еткинсон, главниот инспектор во разузнавачката заедница (ICOG), врзано за „многу итно“ прашање, а што укажува дека Киев е под надзор на американските разузнавачки агенции. Откако го прегледал документот, Еткинсон заклучил дека е „веродостоен“ и го проследил на 26-ти август до директорот на националната разузнавачка агенција Џозеф Мекгваер, кого го именуваше Трамп. Комитетот за разузнавачки работи на Претставничкиот дом, кого го водат демократите, побара увид во поднесокот, но Мегваер одби да им го достави.

Според Washington Post, наведениот документ наводно споменувал „ветување“ на Трамп во телефонскито разговор со странски челник. А тоа се однесува на разговорот од 25-ти јули со Зеленски.

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, демократката Ненси Пелоси, во вторникот рече дека ќе биде покрената официјална истрага за можно отповикување на претседателот Доналд Трамп и изјави дека никој не е над законот. Ќе се истражува дали Трамп барал помош од Украина да го оцрни Бајден