Трамп го поддржа Помпео за односот кон новинарката на „НПР“

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали однесувањето на државниот секретар Мајк Помпео кон новинарката на Националното јавно радио (НПР) кон која, по недоманешното скандалозно интервју, викал и пцуел.

-Таа новинарка не направила сосема добра работа со тебе, му кажа Трамп на Помпео во текот на претставувањето на својот мировен план за Блискиот Исток, што предизвика смеење кај присутните официјални лица во Белата куќа.

-Мислам дека ти со неа направи добра работа, додаде Трамп, пренесуваат британските медиуми.

Новинарката на НПРМери Луиз Кели во петокот имаше интревју со Помпео во текот на кое тој негодуваше заради прашањето за Украина, па интервјуто набрзо беше прекинато.

Таа изјави дека Помпео по интервјуто во приватен разговор викал кон неа, ја пцуел и прашал дали мисли дека на Американците им е гајле за Украина.

Помпео во саботата преку соопштение кажа дека новинарката лажела околу договорот за интервју, но не го оспори тоа што таа го кажа за нивниот разговор.

Во меѓувреме, Стејт департментот симна друга новинарка на НПР од листата на репортери кои со Помпео ќе патуваат во Велика Британија, Украина, Белорусија и централна Азија.