Трамп го покани во Белата куќа контроверзниот претседател на Филипини

Американскиот претседател Доналд Трамп го поканил во Вашингтон контроверзниот филипински колега по должност Родриго Дутерте во текот на „многу пријателскиот“ телефонски разговор во саботата, соопшти во неделата Белата куќа.

Двајцата претседатели разговарале и за регионалната безбедност, вклучително и заканата од Северна Кореја“.

Пред телефонскиот разговор, филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави дека од американскиот челник Доналд Трамп ќе бара да покаже воздражност, бидејќи со своето мешање му оди во полза на севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун кој „сака да му стави кран на овој свет“.

Според соопштението на Белата куќа, Трамп и Дутерте разговарале и за „фактот дека филипинската влада жестоко се бори да ја ослободи земјата од дрогите“.

Филипинскиот претседател, се „„прослави“ по вулгарното и навредливо изразување за претходникот на Трамп, претседателот Барак Обама и функционерите од неговата администрација.

Дутерте, инаку, претходно седмицава беше обвинет пред Меѓународниот кривичен суд, за вонсудски масовни убиства на осомничени за криминални дела и трговија со дроги во војната што ја објави против трговците со наркотици и корумпираните политичари и полициски функционери поврзани со тоа. Според процените, во неговиот начин на справување со проблемот убиени се повеќе од 8.000 луѓе, откако Дутерте дојде на власт на 30 јуни 2016 година.

Уште во кампањата, а веднаш и по стапувањето на должноста, Дуерте вети радикална пресметка со криминалното милје кое е поврзано со трговијата со дроги.