Трамп го помилува својот поранешен советник генералот Флин

365

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува во средата својот поранешен советник за национална безбедност, пензионираниот генерал Мајкл Флин кој во 2017 година се изјасни дека не кажал вистините податоци пред Федералното биро за истраги (FBI) во истрагата за наводното договарање на кампањата на Трамп со Москва пред претседателските избори во 2016 година.

„Ми претставува голема чест што можам да објавам дека е помилуван генералот Мајкл Флин. Му честитам на генералот Флин и на неговото прекрасно семејство. Знам дека ова ќе биде фантастичен Ден на благодарноста“, напиша Трамп на Twitter.

Мајкл Флин во 2017 година признал дека не ја кажал вистината пред FBI за неговите наводно руски контакти. Имено, неговите наводно тајни преговори со рускиот амбасадор во Вашингтон во декември 2016 година, пред Трамп официјално да ја преземе должноста што законот го забранува, беа основа за темелна истрага на специјалниот јавен обвинител Роберт Мјулер за наводниот договор меѓу Трамп и Москва и мешање во американскит претседателски избори во 2016-та. Тригодишната истрага не доведе до докази за таквите наводи, но и без докази беше објавено дека „руското мешање“ постоело „но не влијаело“ врз американскиот изборен систем.

Сепак, поради големиот медиумиски притисок, Трамп беше принуден само по 22 дена од именувањето да му даде отказ на Флин. Но Трамп и натаму тврдеше дека оваа истрага е политички „лов на вештерки“ ид ека Флин, поранешен генерал на копнените војски, и шеф на Одбранбената разузнавачка агенција е добар патриот.

Во мај годинава, министерството за правда се откажа од предметот против Флин, појаснувајќи дека наводните лаги пред FBI не биле значајни за истрагата, односно дека контактите со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак не биле по налог на Трамп и не се однесувале на американските санкции за Русија.

Сепак, сојузен судија нареди натамошно правно разгледвуа на проблематиката. Помилувањето од Трамп, значи дека случајот се повлекува од судовите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.