Трамп го потпиша указот на намалување на цените на лековите

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша во петокот указот со кој ќе се намалат цените на лековите во САД, а за новинарите во Белата куќа пред потпишувањето на документот истакна дека воведените измени ќе ги елиминираат некои од „посредниците“ во набавките на лековите.

„Посредниците правата богатсва. Тие просто ги мамат пациентите (со државната здравствена програма) Medicer“, рече Трамп.

Покрај тоа, додаде Трамп, указот ќе ги „отстрани непријатностите“ при набавките, што кај присутните преставници на медицинската заедница наиде на аплауз.

Трамп истакна дека во моментов цената на лековите во САД во просек е за 50 и повеќе отсто повисока, отколку за истите лекарства кои се продаваат во другите земји. Додаде и дека во вторник ќе се сретне со претставниците на фармацевтските компании и, доколку не биде постигнат договор, ќе донесе уште еден декрет со кој, како што уверува, Medicаrе ќе ја плати најниската откупна цена на меѓународниот пазар.

Намалувањето на цените на лековите пред две седмици го најави шефот на неговиот кабинет Марк Медоус. Тој тогаш за телевизиската мрежа Fox News изјави дека Белата куќа сака да преземе одредени иницијативи во врска со цените на лековите кои се добиваат на рецепт, имајќи предвид дека Конгресот не презема кокретни мерки.

Истиот ден Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозиснтвото го имаат опозициските демократи, усвои предлог-закон за здравство кој вклучува и одредби за намалување на цените на лековите на рецепт. Се очекуваше овој предлог-закон да дојде во Сенатот, каде што мнозинството го имаат републиканците, а медиумите кои главно ги поддржуваат демократите тврдат дека се очекува сенаторите да го блокираат предлог-законот.