Трамп го потпиша законот кој содржи санкции за гасоводите Северен тек 2 и Турски тек

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша предлог-законот за годишната воена потрошувачка во кој се вклучени и санкции за Северен тек 2, гасоводот кој се рускиот гас по дното на Балтичкото Море ќе го транспортира до Германија.

Санкциите се дел од законот за одбранбена потрошувачка вреден 738 милијарди долари кој Трамп го потпиша во петокот. „Гордо ќе го потпишам законот со најголемо вложување во американската војска“, рече претседателот при потпишување на законот.

Гасоводот Северен тек според законот е „средство за принуда и политичка моќ“ кој ќе ги ослаби американските односи со Германја и Европа. Овој гасовод треба да биде пуштен во употреба следните месеци.

Германската влада ги осуди санкциите на САД против Северен тек 2, изјави заменикот портпарол на владата Улрик Демер.

„Сојузната влада со жалење констатира дека ден3шното потпишување на американскиот претседател Доналд Трамп на санкциите иницирани од Конгресоат против Северен тек 2 и Турскиот тек стапуваат на сила“, изјави Демер.

Во нејзината изјава се вели дека германската влада го “отфрла вкавите екстериторијални санкции“, и оти тие се „насочени против германските и европските компании, и претставуваат мешање во нашите внатрешни работи“.

Демер повтори дека „ваквите мерки на САД, кои во прв ред беа преземени за заштита на Украина се уште повеќе нерзбирливи“, бидејќи не ги замаат предвид „разговорите од четвртокот за транзитот на гасот низ Украина“, кој во Берлин го потпишаа Москва и Киев.

Законот на Трамп му дава рок до 60 дена да наметне санкции на пловилата кои се вклуечни во полагањето на цевките за Северен тек 2 и Турскиот тек, уште еден руски гасовод со, како и на страните кои им даваат испомош на пловилата.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети во петокот дека ќе преземе одмазнички мерки доколку САД воведат санкции поради проектот за гасоводот Турски тек кој Анкара го изведе заедно со Москва.

Според турскиот челник, ваквиот чекор од американската страна може да се смета како „отворено мешање во внатрешните работи на Турција“. Тој повторни дека Анкара ќе воведе контрасанкции против Вашгинтон, доколку американсата страна примени рестрикции кон Турција.

„Против тие санкции, секако, ќе има и наши контрасанкции. Ние не сме народ кому може да му се врзуваат рацете и нозете. Постојано велам: ние не сме племенска држава“, додаде Ердоган.

Во соопштението на Белата куќа се предупредува дека сите страни кои намерно продале, изнајмиле или обезбедиле бродови кои учествуваат во инсталацијата на цевки на длабочина од 30,5 метри или повеќе во рамките на изградбата на гасоводите Северен тек 2 и Турски тек, во согласност со режимот на американски санкции, мора да ги повлечат тие бродови.

Швајцарско-холандската компанија „Allseas“ соопшти дека ги прекинала сите активности за инсталирање на гасоводот Северен тек 2, поради санкциите на САД. Одлуката го доведува во прашање завршувањето на проектот, вреден 11 милијарди американски долари, што ќе го удвои капацитетот на гасоводот за Германија и што Москва го најави дека ќе биде готов за неколку месеци.