Трамп го повика Тим Кук да го вклучи Apple во развој на мрежата 5G во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика извршниот директор на технолошкиот гигант „Apple“, Тим Кук, да размисли за учество на компанијата во градењето на напредната мобилна телекомуникациска 5G во САД.

„Вчера во текот на поето патување во Остин, државата Тексас, на почетокот (на производството) на новиот MacPro и на разговори за изградбата на новиот кампус (на компанијата Apple) во износ од милијарда долари, исто така во Тексас, го прашав Тим Кук да размисли дали може да го вклучи Apple во градењето на 5G во САД. Тиее имаат саѐ – пари, технологија, визија и Кук“, напиша Трамп на Twitter.

Во моментов голем број земји рабоата нана новата телекомуникациска технологија од петтата генерација. Мрежите 5G овозможуваат размена на информации во реално врем со бризина над 100 гигабајти во секунда, што е за 30 пати побрзо отколку кај 4G. Технологијата 5G се одликува со голема брзина во пренесувањето на податоците, големи капацитети и ултрасогурни врски со мали доцнења, кои овозможуваат, особено, масовно поврзување на уредите на интернет за најразлични задачи.

Покрај тоа, мрежите 5G се планира да се користата во обчласти како „паметен“ град, „паметно“ производство, „паметна“ куќа и транспорт. Употребата на оваа технологија треба да придонесе за подобврување на нивото на услугите и развој на нови услуги, вклучително и во областа на индустриската автоматизација, беспилотниот транспорт, медицината на далечина, виртуелната и проширена стварност.

Вашингтон подолг период наназад врши голем притисок врз европските сојузници да не ја користат опремата од кинескиот комуникациски гигант „Huawei“ за развој на мобилната мрежа од петтата генерација. САД и Австралија ги затворија своите пазари за кинеската компанија, но европските држави сѐ уште не ја донесоа конечната одлукa. Во прв ред Германија која засега го нема потпишано договорот со кинеската компанија, но го одбива американскиот притисок да ја исклучи од својот тендер за градење на 5G мрежата. Слична најава минатиот месец дојде и од Унгарија.

САД може да престанат да предаваат разузнавачки информации на европските сојузници, доколку тие соработуваат со кинески компании во областа на мобилните комуникации од петтата генерација (5G), предупреди на почетокот од октомври американскиот државен секретар Мајк Помпео. Американската администрација го обвинува „Huawei“ за соработка со армијата и разузнавањето на Кина и за можни шпионирање во полза на владата во Пекинг.