Трамп го повтори твитот за протестите на „Жолтите елеци“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно во саботата ги коментираше протестите на движењето „Жолти елеци“ во Франција, велејќи дека денеска е тажен ден за Париз и повика договорот за климатските промени да се приведе кон крајот.

„Многу тажен ден и многу тажна ноќ во Париз… А можеби е дојдено времето Парискиот договор за климатските промени, многу смешен и извонредно скап, да се приведе кон корајот и парите да им се вратат на луѓето, така што ќе им се намалат даноците“, советува во твитот американскиот претседател Доналд Трамп во моментот кога започнаа безредијата во француската престолнина споменувајќи го договорот од кој во јуни 2017 година одлучи да ги повлече САД, од мултилатералната спогодбна чија цел е ангажирање за намалување на емисиите на гасовиет кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина.

И утрово Трамп го критикуваше договорот. Но тоа не е првпат да изнесува свои погледи во однос на настаните кои ја потресуваат Франција. Во вторникот објави иронична забелешка за попуштањето на францускиот претседател Емануел Макрон пред „Жолтите елеци“, и напиша дека Парискиот договор е осуден на пропаст.

Во последните неколку седмици односите меѓу двајцата претседатела се влошија, особено откако американскиот по враќањето во САД од одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, на Twitter ја исмејуваше рекордно ниската популарност на својот француски колега.

Новите напади од Трамп на Парискиот договор доаѓаат во периодот кога речиси 200 светски челници учествуваат на 24-та светска конференција за климатските промени во полскиот град Катовице.