Трамп го разреши Тилерсон, CIA првпат во историјата ќе ја води жена

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти држаниот секретар Рекс Тилерсон, најавувајќи дека на должноста ќе го замени Мајк Помпео досегашниот шеф на Централната разузнавачка агенција CIA, којашто отсега призвпат во историјата ќе ја раководи жена Џина Хаспел, објави во вторникот Белата куќа.

Во писмената изјава за The Washington Post, Трамп ги фали Мајк Помпео и Џина Хаспел, која досега беше првиот заменик-директор во CIA, којашто ќе стане првата жена на најпознатата шпионска агенција доколку биде потврдена во Конгресот.

Тилерсон ја водеше американската дипломатија од февруари минатата година, без претходно да има какво и да е дипломатско искуство. Уште пред неколку месеци почна да се шпекулира за заминувањето на Тилерсон од должноста шеф на американската дипломатија, а како негова замена се споменуваше Ники Хејли, актуелната американска амбасадорка во Обединетите нации. Меѓутоа, во меѓувреме како главен фаворит за оваа позиција беше посочен Мајк Помпео, поранешен пратеник во Конгресот кој досеге беше на чело на CIA.

Ланскиот ноември извори блиски на поранешниот извршен директор на нафтениот гигант „ „Exxon Mobile“ кој своевремено беше и претставник на компанијата во Русија, откри дека неговиот оригинален план во моментот на преземањето на должноста државен секретар бил да отстапи од функцијата во февруари. „Неговиот план беше да остане на функцијата една година и потоа да најде причина да си замине. Којзнае дали тоа сѐ уште важи“, тврдеше тогаш изворот на Reuters.

„Горд сум што го номинирав директорот на Централната разузнавачка агенција, Мајк Помпео, да биде наш нов државен секретар. Тој ќе одработи одлична работа. Му се заблагодарувам на Рекс Тилерсон на неговата служба“, пишува Трамп.

„Мајк дипломирал како првенец во својата класа на Вест Поинт, служејќи со дистинкции во американската армија, и дипломирал со почестио на правниот факултет на Харвард. Продолжи да служи во Претставничкиот дом на САД докажувајќи се во работата“, напиша американскиот претседател.

Трамп за наследничката на Попмео вели дека работела со него повеќе од една година и оти развиле меѓусебно почитување.

„Џина Хаспел, заменик-диоректорот на CIA, ќе биде номинирана да го замени директорот Помпео и таа ќе биде првата жена директор на агенцијата, што претставува историска пресвртница“, додава Трамп.

Одлуката да биде именувана Хаспел, когашто во Агенцијата е од 1985 година, е помалку очекувана, бидејќи се најавуваше дека републиканскиот сенатор Том Котон, од сојузната држава Арканзас, еден од најголемите бранители на претседателот Трамп во Конгресот, би требало да го заемни Помпео на чело на CIA.