Трамп го враќа „максималниот притисок“ врз Иран, но подготвен е за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека ќе биде подготвен да се сретне со својот ирански колега по должност за да се обиде да го убеди Иран да се откаже од она што САД веруваат дека се напори на Техеран да развие нуклеарно оружје, а во меѓувреме ќе ја обнови кампањата за „максимален притисок“ врз Иран.

Кампањата за „максимален притисок“ врз Иран вклучува напори „да се намали извозот на иранска нафта на нула за да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје“. Трамп вели дека Иран е „премногу блиску“ до поседување нуклеарно оружје и дека САД „имаат право да ја блокираат продажбата на иранска нафта на други земји“.

Пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп потпиша претседателски указ со кој повторно се наметнува острата политика на Вашингтон кон Иран, која се практикуваше за време на неговиот прв мандат.

Трамп го обвини поранешниот претседател Џо Бајден дека не успеал ригорозно да ги спроведе санкциите за извозот на иранската нафта, што според него го охрабриле Техеран да продава нафта за да ја финансира својата програма за нуклеарно оружје и вооружените шиитски милиции на Блискиот исток.

„Иран драматично го забрзува збогатувањето на ураниум до 60 проценти чистота, блиску до нивото на оружје од околу 90 проценти“, го цитираше во декември агенцијата Reuters шефот на нуклеарната инспекција на ОН во Иран според договорот од кој истапија САД во првиот мандат на Трамп.

Иран со децении негира дека сака да развие нуклеарно оружје, велејќи дека неговите нукеларни постројки се наменети за производство на електрична енергија и во научни испотувања, во прв ред во медицината.

Указот на Трамп, меѓу другото, ќе му нареди на американскиот министер за финансии да наметне „максимален економски притисок“ врз Иран, што ќе вклучи дополнителни санкции за оние кои ги прекршуваат постоечките санкции, изјави американски претставник.

„Администрацијата на Трамп ќе се обиде да го намали извозот на иранска нафта на нула“, рекол за Reuters неименуваниот американски функционер.

Иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк сè уште не одговорила на барањето на агенцијата за коментар.

Според проценките на американската Управа за енергетски информации, извозот на нафта му донел на Техеран 53 милијарди долари во 2023 година и 54 милијарди долари претходната година. Производството во текот на 2024 година беше на највисоко ниво од 2018 година, врз основа на податоците на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).

Според пишувањето на Reuters Трамп го довел извозот на иранска нафта речиси на нула за време на неговиот прв мандат, откако повторно ги воведе санкциите еднострано извлекувајќи ги САД од нукеларниот договор на Иран со шесте светски сили потпишан во Виена во ноември 2015 година. Откако американските сојузници во ЕУ речиси цела година не успеаја да ја заштат оштетената иранска економија од санкциите на Вашингтон, Техеран постепено ги укинуваше своите обврски од нуклеарниот договори, првенствено во количеството и степенот на збогатен ураниум.

Сепак, Иран до крајот на првиот мандат на Трамп и во мандатот на Бајден, успеваше да ги избегне санкциите.

Според оптимистичките проценки на западните земји, Меѓународната агенција за енергија (IAEA) со седиште во Париз верува дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и другите членки на OPEC ќе имаат политичка волја и капацитет да го надоместат изгубениот извоз од Иран, со што би се избегнале ценовни шокови на глобалниот нафтен пазар.