11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Трамп и Бајден ќе имаат одвоени телевизиски настапи, наместо дебата

Наместо нова дебата, американскиот претседател Доналд Трамп ќе се појави во Градското собрание во четврток со телевизиски пренос, а демократскиот кандидат Џо Бајден ќе го стори истото на ривалската телевизија, објавија каналите NBC и ABC.

Ен-Би-Си Њуз денеска потврди дека ќе биде домаќин на Трамп, републиканскиот кандидат, а Еј-Би-Си Њуз дека ќе биде домаќин на Бајден.

Првично, двајцата требаше да одржат дебата во четврток, втора од трите пред претседателските избори на 3 ноември.

Трамп, сепак, се повлече од дебатата откако комисијата што го организира одлучи да ја префрли во онлајн формат , повикувајќи се на здравствени и безбедносни причини среде пандемијата на коронавирус.

Трамп беше заразен со коронавирус и хоспитализиран, иако се чини дека целосно закрепнал и ја продолжи кампањата оваа недела.

Откако Трамп се повлече од дебатата, Бајден веднаш се договори со мрежата АБЦ. Тимот на Трамп потоа започна преговори со Ен-Би-Си.

Во соопштението на Ен-Би-Си се наведува дека по медицинските тестови било заклучено дека Трамп „повеќе не го пренесува вирусот“.