Трамп и Бајден во борба за предвремените гласови

64

Ривалите на американските претседателски избори, републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден, во неделата ќе се обидат да ги придобијат гласовите на избирачите кои порано излегуваат на гласањето, додека забрзува кампањата во пресрет на завршното телевизиско соочување следната седмица.

Актуелниот претседател Доналд Трамп во неделата ќе престојува во сојузната држава Невада, една од клучните во која и двајцата кандидати имаат шанса за победа. Повеќе од 100.000 гласачи веќе гласале во Невада, според официјалните податоци.

Трамп ќе одржува предизборни собири секој ден до дебатата со својот противкандидат Бајден, која ќе се одржи во четврток на Флорида, соопштоја од неговата кампања. Пред Флорида, Трамп ќе одржи и собири во Аризона и во Северна Каролина.

Бајден, пак, во недела ќе биде во Северна Каролина, кадешто веќе гласале 1,2 милиони избирачи, според официјалните податоци.

Досега, 25,83 милиони Американци вече ја искористиле можноста за предвремено гласање на изборите кои се одржуваат на 3-ти ноември, според податоците на U.S. Elections Project, со што е соборен досегашниот рекорд. Многумина поредвреме гласале поради загриженоста за својата зравствена безбедност во време на епидемијата на коронавирусот.

Според медиумите, демократите уживаат значителна предност кај предвреемните гласачли, поради гласањето по пошта, на што се противат републиканците кои сметаат дек овој начин на гласање во масовна форма овозможува манипулирање со гласовите и со резултатите кои може да бидат соопштени многу подоцна од вообиачено.

Од 10,6 милион гласови по пошта , 5,8 милиони ги сочинуват демократите, според U.S. Elections Project, кој е покренат од Универзитетот Флорида.

 

Демократите повикуваат „До последен момент“

Претседателот Трамп, според анкетите, како и на изборите во 2016 година, заостанува зад Бајден на национално ниво, но сега минимално и во некои клучни сојузни држави. Неговата кампања, исто така, добила и помала финансиска поддршка од кампањата на Бајден.

Меѓутоа, во пораката испратени до донаторите, менаџерката на кампањата на демократскиот кандидат, Џен О’Мали Дилон тврди дека резултаитет од анкетите на национално ниво се залажувачки, бидејќи Бајден и Трамп се многу блиску во клучните држави кои го одредуваат бројот на ткн електорски гласови.

„Не смееме да станеме самозадоволни, бидејќи вистината е дека Трампо сѐ уште може да победи и сите индиции покажуваат дека тоа нема да биде одлучено до последниот момент“, напиша Дилон.

Трамп во саботата одржа собири во Мичиген и Висконсин, држави во кои изненадувачки победи во 2016 година. На собирот во Маскегон во Мичиген, Трамп ја критикуваше демократската гувернерка Гретчен Витмер поради острите рестрикции што ги воведе поради коронавирусот кои ја урнисаа економијата на оваа сојузна држава, а нејзините демократи во Конгресот бараат големи финансиски издвојувања за санирање на загубите кои може да се одразат на резултатите од изборите за конгресмените.

Трамп рестрикциите ги нарече „нечесни“, и го исмеја наводниот план за грабнување на гувернерката кој наводно го откри FBI, а кој планирала да го изведе есктремистичка десничарска група.

„Се надеваме дека наскоро ќе ѝ ги испратите нејзините работи“, рече Трамп додека собраните извикуваа неколку пати „Затворете ја!“.

Витмер одговори на Twitter дека „токму таквата реторика ги доведе животите мојот, на моето семејство и други владини функционери во опасност, додека се обидуваме да ги спасиме животите на нашите Американци“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.