Трамп и Ким ќе се сретнат на сингапурскиот остров Сентоса

A view of Capella Hotel. REUTERS/Edgar Su

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун ќе се одржи на сингапурскиот остров Сентоаса, објави во вторникот Белата куќа.

Станува збор за дел од Сингапур во кој се наоѓаат министерството за надворешни работи, американската амбасада и неколку луксузни хотели, а градските власти во понеделникот ја прогласија за заштитена зона во периодот од 10-ти до 14-ти јуни. Во оваа зона е вклучен островот Сентоса и морскиот појас од еден километар крај југозападниот брег.

Сингапурската полиција објави дека ќе извршува построги контроли на лицата и предметите што ги носат, како и дека над заштитената зона ќе биде забрането четањето на дронови,

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, во вторникот на Twitter објави дека „местото на одржување на сингапурскиот сами ќе биде хотелот Capella на островот Сантоса. Му се заблагодаруваме на домаќинот на гостољубивоста“.

Сандерс за новинарите во понеделникот во Вашингтон изјави дека самитот ќе започне утрото по локално време на 12-ти јуни.

Советниците за национална безбедност секојдневно го брифираат претседателот Доналд Трамп за средбата на којашто сака да го убеди Ким Џонг-ун да ги запре нуклеарните и балистички програми на неговата земја.