Трамп и Ким потпишаа документ, содржината засега непозната

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун по разговорите во Сингапур потпишаа документ чијата содржина засега не е позната, но Трамп пред потпишувањето рече дека историскиот самит со Ким прошал подобро отколку што кој и да е очекувал.

Ким молкум стоеше покрај Трамп додека овој им се обраќаше на новинарите. Двајцата државници прошетаа по градините на сингапурскиот хотел по ручекот.

„Голем напредок, навистина беше многу позитивно. Подобро отколку што некој очекуваше“, рече Трамп.

Историскиот самит на Ким и Трамп почна со срдечно ракување пред севернокорејски и американски знамиња. Потоа низ колонадата заминаа во библиотеката каде што разговараа во четири очи, со преведувачи. Разговорот траеше четириесетина минути, а пота им се придружија членови на делегациите.

„Мислам дека целиот свет не’ гледа. Многу луѓе мислеа дека ова е научна фантастика. Мислам дека ова е добар повод за мир“, му кажал Ким на американскиот претседател.

Церемонијата на поптишувањето на договорот се одржа во хотелот „Капела“ на островот Сентоса, споен со мост со Сингапур.  На масата беше ставено по едно пенкало за Трамп и за Ким. Пред церемонијата, лице од окружувањето на севернокорејскиот лидер во бели ракавици го избршиша пенкалот наменето за Ким.

Во текот на церемонијта, лидерот на Северна Кореја го нарече потпишаниот документ историски. Според Ким Џонг-ун, неговото потпишување „најавува нов почеток“. „Ќе видиме големи промени“, изјави тој.

Од своја страна Доналд Трамп рече дека е горд на резултатите од самитот. „Мислам дека воопшто нашите однои со Северна Кореја …. сега се во сосема поинаква ситуација, отколку порано“, рече американскиот претседател.

Покрај Трамп, беа и државниот секретар Мајк Помпео, советникот за национална безбедност Џон Болтон и шефот на персоналот на Белата куќа, Џон Кмели, а покрај Ким неговата десна рака Кин Јонг-чол, шефот дипломатија Ри Јонг-ху и потрпетседателот на владејачката работничка партја Ри Су-јинг.

Американскиот претседател Трамп изјави во вторникот по средбата со Ким дека е постигнат „голем напредок“ и дека двете страни во моментот го очекуваат потпишувањето на договорот, за кој не кажа ништо одредено.

Двајцата челници излегоа заедно по работниот ручек од хотелот, а на прашањето од новинарите како минале разговорите Трамп одговори „Голем напредок, навистина многу позитивно. Мислам дека беше подобро отколку што сите очекуваа. Врвно, могу добро. Одиме сега на потпишувањето“, изјави американскиот претседател без да наведе никакви поединости.

Двајцата челнции зедно прошетаа околу хотелот „Капела“ во кој се одржаа историските разговори, по работниот ручек кој е зборувано за начините како да се решат проблемите со нуклеарното вооружување на Корејскиот полуостров.

Кин и Трамп пред почетокот на разговорите се ракуваа и претпазливо се смешкаа .

„Мило ми е што ве гледам господин претседател“, рече Ким пироко насмевајќи се кога американскиот претседател покажа палец во вис Трам рече дека е сигурен дека нивниот однос ќе биде „одличен“.

„Навистина одлично се чувствувам. Ова ќе биде одлична седба и мослам голем успех. Мислам дека ќе биде вистински успех и дека нашиот однос ќе биде одличен, во тоа не се сомневам“, рече Трамп.

Ким возврати: „Не беше лесно да се дојде тука. Во минатото…. многу пречки имаше на нашиот пат, но сите ги совладавме и сега денеска сме овде“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.