Трамп и Ким се среќаваат во хотел од француската колонијална ера

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун се среќаваат во средата во виетнамската престолнина Ханој, вторпат за помалку од една година, а американската страна бара видливи потези на Пјонгјанг во насока на денуклеаризација на земјата.

Белата куќа соопшти дека Трамп ќе се сретне со Ким во хотелот „Metropole“, кој потекнува од францусакта колонијална ера, во 18.30 часот по локално време, односно 12,30 часот по средноевропско време, како и дека 20 минути ќе разговараат очи в очи пред вечерата која би требало да трае повеќе од час и половина.

Хотелот „Sofitel Legend Metropole Hanoi“ бил посетен во историјата од важни и славни личности, од Чарли Чаплин, кој таму отседнал на својот меден месец во 1936 година, до Џејн Фонда во текот нејзината антивоена капмања од 1970-те години. И самиот Доналд Трамп престојуваше во овој хотел во текот на неговата последна посета на виетнамската престолнина.

Сега во „Sofitel Legend Metropole Hanoi“ би можело да биде отворено ново поглавје и хотелот би можел да стане симбол на мирот, доколку Трамп и Ким, како што очекуваат некои функционери во САД и во Јужна Кореја, официјално прогласат заршување на последниот преостанат судир од времето на Студената војна по нивниот дводневен самит.

Трамп допатува во Ханој доцна ноќта во вторникот. „Штотуку пристигнав во Виетнам… Им благодарам на сите луѓе на прекрасниот пречек во Ханој. Голема маса луѓе и толку многу љубов“, напиша на Twitter. На аеродромот беше пречекан со црвен тепих и почесен вод.

Ким допатува претходно во вторникот по тридневното патување, долго повеќе од 3.000 километри, со воз од својата престолнина Пјонгјанг преку Кина. Последната делница од патот од границата до Ханој ја мина со автомобил. Допатува во Виетнам со група соработници, меѓу кои е и неговата влијателна помлада сестра.

Двајцата челници, коишто се чини воспоставиле изненадувачки средечен однос на својот прв самит во Сингапур ланскиот јуни, ќе вечераат заедно со двајцата советници и преведувачите, соопшти Белата куќа, а разговорите ќе продолжат во четврток. Овие разговори се одржуваат осум месеци по историскиот самит во Сингапур, првата средба воопшто меѓу еден американски претседател и севернокроејски водач.

Додека поголем дел од првиот состанок на врвот беше посветен на разбивањето на мразот по деценииите непријателства и закани со воени напади меѓу нивните земји, овојпат барем американската страна ќе биде упорна на тоа од нејасно формулираното ветување на Ким да се мине на дела, и Северна Кореја да започне да работи во насока на целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Критичарите на Трамп во Вашингтон го предупредуваат да не склучува договор кој нема целосно да ги задушува севернокорејските нуклеарни амбиции и повикаа на одредени, проверливи мерки за Северна Кореја со цел земјата да се откаже од нуклеарно оружје коешто ги загрозува САД. Ким, пак, во замена ќе очекува значителни американски отстапки, како што се укинување на санкциите и изјава за формално завршување на Корејската војна од 1950-те години, којашто заврши со потпишување примирје, но не и целосен мировен договор.

Трамп во средата на Северна Кореја ѝ предвиде „фантастична“ иднина, доколку неговиот „пријател“ Ким се определи за денуклеаризацијата. „Виетнам се развива како малку која земја во светот. И Северна Кореја (ќе се развива – з.р.), и тоа многу брзо, доколку се реши за денукеларизација“, објави Трамп на Twittter неколку часа пред средбата во Ханиој со свернокорескиот лидер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.