Трамп и Лејен неочекувано најавиле прекуатлантски трговски договор

January 21, 2020. (Photo by JIM WATSON / AFP) (Photo by JIM WATSON/AFP via Getty Images)

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, најавиле во Давос подговеност следните седмици да склучат трговски договор, што е неочекувана најава којашто треба да ги смири страстите од двете страни на Атлантикот.

„Планираме дека за неколку седмици ќе имаме договор којшто заедно ќе можеме да го потпишеме“, рекла во средата во Швајцарија Урсула фон ден Лејен, ден по средбата со Доналд Трамп, без да открива други поединости, пренесува AFP.

Целта е да се отстрани опасноста од трговска војна меѓу Брисел и Вашингтон, а во прв ред постојаната закана на американскиот претседател дека ќе воведе царини за увозот на европски производи, во прв ред на европските автомобили од 25 отсто. Европско-американските односи се влошија во трговијата, по доаѓањето на власт на Трамп, кој настојува да ги ревидира сите терговски договори на САД и кој борбата со наследениот голем американски трговски дефицит ја стави на врвот од своиет приоритети.

Неименуван европски извор во четвртокот за AFP рекол дека смета оти не станува збор за голем билатерален трговски договор кој е технички невозможно да се склучи во рок од неколку седмици, туку ја напоменува можноста од потпишување „политичка изјава меѓу Фон дер Лејен и Трамп“, како онаа од јули 2018 година ја потпишаа Трамп и поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Фон дер Лејен, инаку треба да го посети Вашингтон во текот на следните седмици.

САД во 2018 година беа првиот трговски партнер на ЕУ со размена во износ од 674,1 милијарди евра, при што Унијата остварила суфицит од 138 милијарди евра.

Комесарот за трговија, Фил Хоган, изјавил во четвртокот во Давос дека договорот би можел да ги опфати областите на технологијата и енергетиката. За преговорите ќе бидат потребни „седмици, па и месеци, но зборуваме за 2020-та“, рекол.

Трговските договори поттикнуват сѐ поголеми стравувања во ЕУ поради влијанието кои би можеле да го имаат врз природната околина и врз здравствените системи. Претходните трговски преговори за договор меѓу САД и ЕУ или договорот за Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership (TTIP) предизвика жестоки реакции, поради што страните се откажаа од него во пролетта 2016 година.