19.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Трамп и Макрон бараат состанок на петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН поради состојбата со коронавирусот

Американскиот Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон разговарале за свикување состанок на петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН за да разговараат за соработка во борбата против коронавирусот, објави Белата куќа.

Соединетите држави и Франција се меѓу државите со најголем број заразени и починати од заразниот коронавирус.

Во САД, повеќе од 261,000 луѓе се позитивни на коронавирус, а 6.699 починале.

Париз, пак, во петокот вечерта објави дека бројот на луѓе што починале од „Ковид-19“ во последните 24 часа, достигна нов рекорд од 588.

Во Франција, повеќе од 65.000 се заразени и над 6.518 починале од Ковид-19.

Советот за безбедност е парализиран во последните неколку недели со спорот меѓу САД и Кина за потеклото на коронавирусот, што Вашингтон сака да го истакне во секоја дебата или текст на ООН.

Меѓутоа, Русија и Кина немаат желба Советот за безбедност, кој е одговорен за прашањата за мир и безбедност ширум светот, да го решаваат прашањето на „Ковид-19“, кој сега е здравствен и економски проблем.