Трамп и Мун го истакнаа дипломатскиот пристап кон Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп рече во четвртокот дека ги остава санкциите против Северна Кореј, додека водеше разговори со јужнокорескиот претседател Мун Џае-ин, за да се обноват разговорите меѓу САД и Северна Кореја околу нуклеарната и ракетна програма на Пјонгјанг, по пропаднатиот самит во Ханој.

Трамп, кој со Мун разговарал во Овалната канцеларија во Белата куќа, остави отворена можност за трета средба со Ким Џонг-ун, но не коментираше дали неодамна разговараше со севернокорејскиот челник. Двајцата челници повремено разменувал писма.

Северна Кореја, којашто подолго од една година не изведува нуклеарни и ракетни тестирања, бара ублажување на санкциите, но не презема чекори кон денуклеаризацијата кои ги бара Вашингтон. Меѓу САД и Северна Кореја направен е мало придвижување и покрај очигледната добра волја меѓу двајцата челници.

На прашање на новинерите дали ќе ублажи некои санкции кон Северна Кореја, Трамп рече дека со Мун разговарал за „одредени хуманитарни работи“ и моќно помагање од Југот за Северот со храна. Во врска со санкциите, Трамп речле „можеме секогаш да ги зголемиме, но не сакам тоа да го правиме сега“.

Мун рече дека самитот во Ханој, кој се одржа во февруари, не го гледа како неуспех, туку дел од подолг „процес“ со Северот. Ддоаде дека се согласува со „крајната цел“ на Трамп за севкупна денуклеаризација на Северна Кореја. „Важна задача со која сега се соочуваме е одржувањето на еланот на дијалогото и изразување на позитивните изгледи на меѓународната заедница во врска со третиот состанок меѓу САД и Северна Кореја, дека тој ќе се одржи во блиска иднина“, рече Мун.

Јужнокорејскиот претседател допатува во Вашингтон доцна вечерта во средата, а пред средбата во Белата куќа имаше разговори со американскиот државен секретар Мајк Помпео, советникот за национална безбедност Џон Болтон и потпретседателот Мајк Пенс.

Мун истакна дека Северна Кореја треба да понуди отстапки за да се поттикна преговорите, но се чини дека Вашингтон не е наклонет на постапен процес кој го посакува Пјонгјанг, каде придвиджувањата би се наградувале со ублажување на санкциите. Трамп порача дека е отворен кон постапниот пристап, но дека треба да се вида поединостите.

„Има различни помали договорои кои можеби би можеле да се случат. Нештата може да се случат. Може да се работи чекор по чекор. Но во овој момент зборуваме за голем договор. Голем договор значи дека мораме да се отарасиме од нуклеарното оружје“, рече Трамп.

Самитот во Ханој беше прекинат поради судирот на интересите на двете страни, севернокорејското барање за ублажување на санции и американското инсистирање на САД да му биде предаден целокупниот нуклеарен арсенал.