Трамп и натаму подготвен за преговори со непријателот

Објавувајќи ја информацијата дека е спремен да ги прими на преговори талибаните во „Кемп Дедјвид“, место значајно за американската дипломатија, претседателот Доналд Трамп уште еднаш покажа подготвеност на преговори со најголемите непријатели.

Американскиот претседател ги прекина пегоровирите со бунтовничкото радикално исламистичко движење Талибан откако тие ја преземаа одговорноста за неколку последни напади во Авганистан, иако по долгите префовори во катарската престолнина Доха, се чинеше дека договрот е набрзо можен.

Оваа одлука на Трамп ги изненади многумина, но наиде на одобрување и од страна на неговите опоненти кои стравуваа од „избрзан и лош договор“ поради неговото итање да ги повлече американските војници од Авганистан по 18 години, што е најдолгата американска војна.

„Трамп со право ги прекина авганстанските преговори. Талибаните одбиваат какво и да е примирје и продолжуваат да изведуваат терористички напади“, истакнува поранешниот американски амбасадор Николас Барнс.

Меѓутоа, другата одлука на републиканскиот претседател поради истата причина поттикна остра полемика. Трамп реле дека ја откажал тајната средба во неделата во „Кемп Дејвид“ со талибанските лидери и со авганистанскиот претседател Ашраф Гани. Три дена пред одбележувањето на осумаесеттата годишнина од нападите на 11-ти септември, кои ја поттикнаа интервенцијата во Авганистан, оваа средба би била историска и исто толку контроверзна.

„Во Кемп Дејвид американските челници се сретнаа за да одлучат за нашиот одговор на нападот кој Ал Каеда го изведе на 11-ти септември со помош на талибаните, усмртувајќи 3.000 Американци. Ниеден талибан не смее да стапне на тоа место. Никогаш“, реагираше на Twitter републиканската пратеничка Лиз Чени.

Во ова одморалиште на американските претседатели во близина на Вашингтон, Џими Картер во 1978 година го склучи мировниот договор меѓу Израел и Егопет. Таму и Бил Клинтон во јули 2000 година се обиде да го постигне и израелско-палестинскиот договор, но не успеа.

„Талибаните напрваија многу малку остапки. Затоа таква средба не треба да се организира во Вашингтон, а уште помалку во Кемп Дејвид и никако на ниво на американскиот претседател“, истакнува во разговор за AFP, поранешниот дипломат Аарон Дејвид Милер од институтот „Винстон Черчил“ кој бил учесник на самитот во јули 2000 година.

„Авганистанската епизода уште еднаш покажива дека Трамп се фали со својата непредвидливост, но таквиот пристап ја поткопува работата на оние кои се обидуваат да создадат основа за постигнување договор со Авганистан, Северна Кореја и Иран“, смета Брајан Каталус, експерт во Центарот за американски развој и службеник во администрацијата на Бил Клинтон.