Трамп и натаму верува дека Пјонгјанг сака договор и покрај новите лансирања

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази во саботата увереност дека севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун сака да постигне договор за нуклеарната програма на неговата земја, и покрај тоа што Северна Кореја повторно лансираше проектили со кус дострел, првпат по повеќе од една година, во моментот додека преговорите за денуклеаризацијата се во ќорсокак веќе три месеца.

„Верувам дека Ким Џонг-ун навистина го сфаќа големиот економски потенцијал на Северна Кореја и дека нема да стори ништо што би го попречило или оневозможило. Тој, исто така, знае дека сум со него и не сака да го прекрши ветувањето кое ми го даде. Ќе има договор!“, коментираше на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп.

Северна Кореја „лансираше неколку проектили со кус дострел“, од полуостровот Ходо, кај крајбрежниот град Вонсан, во североисточна насока меѓу 9,06 и 9,27 часот, објави во саботата севернокорејската армија.

Јужна Кореја изрази „голема загриженост“ поради лансирањата, оценувајќи дека тоа е спротивно на воениот договор кој двете Кореи го потпишаа минатата 2018 година и повика на продолжувње на дијалогот. Ракетите летале од 70 до 200 километри, објави јужнокорејската армија.

Станува збор за првото лансирање на ракети по ноември 2017 година, кога Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) и објави дека го заокружил комплетирањето на своите нукеларни сили и испрати помирливи пораки до Јужна Кореја и САД. Ким вети дека нема да тестира атомско оружје ниту интерконтинентални ракети, но Пјонгјанг сепак продолжи тестирања на оружја, за кои и како и во саботата тврди дека не се содржат во договорите.

Ким се сретна на два самите со Трамп, ланскиот јуни во Сингапур и во февруари годинава во Ханој, но и во двата случаи не беше остварен напредок во еломинирањето на севернокорејската нуклеарна програма поради несогласување на Вашингтон со намалувањето на економските санкци и поради некои конкретни потези на Пјонгјанг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.