Трамп и Помпео позитивни пред самитот со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот историски состанок со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун во Сингапур би можел „да мине добро“, додека функционерите од двете земји се среќаваат да ги намалат разликите во врка со тоа како да се заврши нуклеарната пат позиција Корејскиот полуостров.

Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео во понеделникот откри дека подготвителните разговори за средбата се одвиваат многу брзо, како и оти „сметаме дека ќе дојде до логичен заклучок дури и побрзо отколку што предвидувавме“.

Самитот претставува „можност без преседан за промена на односите и воспоставување мир и благосостојба“ во Северна Кореја, истакна Помпео на прес-конференција во пресрет на самитот. Ја отфрли можноста од брзо напредување и истакна дека со средбата ќе се постави рамката за „тешката работа којашто следи“, и повтори дека Пјонгјанг мора да тргне по патот на целосна, докажлива и неповратна денуклеаризација.

Санкциите за Северна Кореја ќе бидат на сила, додека тоа не се случи, додаде Помпео. „Доколку дипломатијата не тргне во вистинска насока… тие мерки ќе зајакнат“, порача американскиот државен секретар.

Ким и Трамп во Сингапур пристигнаа во неделата, на првата средна на некој американски претседатели и севернокорејски челник, претставници на државите коишто се непријатели од времето на Корејската војна од раните 1950-ти години.

Иако Вашингтон и Пјонгјанг не се согласуваат околу тоа што денуклеаризацијата би требало да значи, Трамп на работниот ручек со сингапурскиот премиер Ли Ксиен Лун беше оптимистичен. „Утре имаме многу интересен и мислам дека тоа добро ќе мине“, заклучи американскиот претседател.

Пјонгјанг бара засега непознат обем на безбедносни гаранции и завршување на она што го нарекува „непријателска политика“ кој Северна Кореја, но уште не се знае кои отстапки е подготвен да ги направи околу својот нуклеарен арсенал кого инаку го нарекува „драгоцен меч“ за одбрана од американската инвазија. Вашингтон бара Северот целосно да се откаже од своето нуклеарно оружје, како и тоа да биде докажливо и неповратно, а пред еден месец јапонски и американски медиуми пишуваа дека САД барале Северна Кореја да им го предаде нуклеарниот и интерконтиненталниот арсенал или да го изнесе од земјата. Пјонгјанг засега се обврза на денуклеаризација на островот, но тој термин останува и натаму отворен за различни интерпретирања.

Силни безбедносни единици со вооружената полиција ги блокираа областите во градот држава кои се поврзани со одржувањето на самитот. Пред Истана, претседателската палата во којашто Трамп се сретна со Лун, поборниците на самитот развеаја американски знамиња, а момченце држело транспарент со пораката „Го сакам претседателот Трамп“, пренесуваат агенциите.

Севернокорејската службена новинска агенција KCNA ги нарече самитот „историски“, наведувајќи дека се одржува во „поинаква ера“ и под „големи очекувања и внимание на целиот свет“. Ким ќе размени „длабоки и широки погледи“ за прашањата како што се „градењето постојан и траен мировен механизам на Корејскиот полуостров“ и „остварувањето денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, додава агенцијата.

Забележливо е и тоа што KCNA првпат американскиот претседател го споменува со цело име вклучително дури и првата буква од неговото средно име. Функционер на Белата куќа таквото известување на севернокорејскиот медиум го оцени како „знак за оптимизам“.