Трамп и Путин имале и таен состанок во текот на самиот на Г20

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега по должност Владимир Путин имале уште еден разговор за кој досега не се знаело, на марините од самитот на Г20 во Хамбург, потврдил извор од Белата куќа, но рекол дека станувало збор за кус разговор и за втора официјална средба.

По кусиот разговор на почетокот на состанокот на челниците од земјите од групата Г20 и билатералната двочасовна средба на 7 јули, двајцата претседатели се сретнале и во текот на приватна вечера за сите ученици на самитот, последниот ден од собирот.

„Тоа беше вечера за сите двојки на Г20. Пред крајот на вечерата претседателот разговараше со Путин“, изјавил неименуваниот соговорник, пренесува AFP.

Претставникот на Белата куќа, исто така, потврдил дека за време на разговорот меѓу двајцата челници на вечерата присуствувал само рускиот преведувач, бидејќи преведувачот на американскиот лидер не зборувал руски јазик.

„Секоја двојка имаше по еден преведувач. Американскиот преведувач, кој го придружуваше претседателот Трамп, зборуваше јапонски јазик. Кога Трамп разговараше со Путин, тие комуницираа со помош на рускиот преведувач, бидејќи американскиот не го знаел рускиот.

Оваа информација веднаш поттикна прашања за содржината на нивниот разговор, за личностите коишто присуствувале на него и причината поради којашто тоа не беше објавено досега.

Меѓутоа, од Белата куќа рекле дека се случил кус разговор на крајот од вечерата, но не и втора средба. „Инсинуациите дека Белата куќа се обидела да ја сокрие втората средба се лажни, злонамерни и апсурдни“, изјавил функционерот.

Американско-руските односи се под голема опсервација, во прв ред на американската и на европската јавност, поради обвинувањата во САД за наводното руско мешање во американските претседателски избори што му помогнало на Трамп да победи.

Трамп, исто така, многу брзо се огласи на Twitter. „Таа лажна приказна на медиумите за тајната вечера со Путин е болна. Сите членови на Г20 и нивните партнерки ги покани германската канцеларка. Медиумите тоа го знаеја“, напиша американскиот претседател.