Трамп и Путин разговараа за напредокот во однос на самитот на Г7, пазарот на нафта и коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот телегонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за напредокот во однос на самитот на Групата седум (најразвиени земји – Г7), објави во понеделникот на својот акаунт на Twitter, заменикот портпарол на Белата куќа, Џад Дир..

„Покрај другото, челниците на двете земји разговараа и за напредокот направен во одржувањето на состанокот на врвот на Г7“, напиша Дир.

Претходно Кремљ објави дека Трамп директно го известил Путин за својата идеја на самитот на Г-7, чиј домаќин ќе биде американскиот претседател, да ги покане и челниците на Русија, Австралија, Индија и Кореја.

Москва претходно во понеделникот рече дека и се потребни повеќе детали за да одговори на поканата на Трамп. Од друга страна, Велика Британија и Канада се спротиставиле на учеството на Русија на самитот на Г7, откако оваа земја беше исклучена од Г8 по превратот во Украина во 2014 година и присоединувањето на на црноморскиот полуостров Крим во Руската Федерација на што Западот се противи.

Трамп и Путин, исто така, во текот на телефонскиот разговор ја истакнале важноста од интензивирање на руско-американскот дијалог во областа на глобалната стратешка стабилност и мерките за градење меѓусебна доверба во воената сфера и се согласиле да ги продолжат билатералните контакти на различни нивоа.

Меѓу другите реми, Путин и Трамп се осврнале на енергетските проблеми, соработката во вселенските истражувања и борбата со пандемијата со коронавирусот. Притоа рускиот лидер честитал на првиот лет на NASA со лет со екипаж до Меѓународната вселенска станица, и се заблагодарил на американската помош во респиратори.

 

Борба со коронавирусот

Во текот на разговорот за справување на пандемијата, Трамп ја отворил и темата за отворање на светските економии кои запреа поради наметнатите мерки за сузбивање на заразата.

„Претседателот на САД оствари телефонски разговор со претседателот на Русија. Претседателите разговараа за неодманешните напори за борба против пандемијата на коронавирусот и отворањето на светските економии“, изјави портпаролот на Белата куќа.

„Трамп рече дека САД наппорно работата на пршањето на здравствената зашите на Американците во земјата, а исто така и на осигурувањето помош за други земји, вклучлително и предавањето на 200 уреди за механичка венталација за рускиот народ“, рече Дир.

Претходно службата за однси со јавноста на Кремљ рече дека Путин изразил благодарност во врска со американката помош во споменатите медицински уреди.

Вкупната цена на 200 американски уреди заедно со нивната достав до Русија изнесуваше 5,6 милиони долари. Кајко што претходно објави Москва, САД уредите ги донирале бесплатно, исто како што Русија претходно во Соединетите држави испрати исти медицински уреди на почетокот од тамошната епидемија.

 

Ефективна контрола над вооружувањето

Во телефонскиот разговор во понеделникот вечерта Трамп и Путин се задржале и на прашањето на контрола на вооружувањето, откако двете земји изминатиот период разменија меѓусебни обвинувања за нарушувања на постојните договори во оваа свфера.

Пред дестина дена американскиот претедател Доналд Трамп најави дека има намера да ги повлече САД од Договорот за отворено небо, штоможе да укажува на намерата на американските власти да се откажат од продолжувањето на Договорот за намалување на стратешкото вооруќување (START-3). Станува збор за уште еден во низата чекори на Трамп да ги изведе САД од големите глобални договори и да склучи нови или само билатерални, а следува по минатогодишното повлекување од договорот со Русија за ограничувањето на бројот на ракетите со среден дострел вооружени со нуклеарни боеви глави.

„Претседателот Трамп, исто така, ја истакна потребата од ефикасна контрола на вооружувањето“, објави Дир без да наведе повеќе поединости.

Претходно Кремљ објави дека двајцата претседатело ја истакнале важноста од „интерзивирање на билатералниот дијалог во статрешката стабилност и мерките за градење доверба“ во воената сфера