Трамп и Зеленски во телефонскиот разговор го осудуваат ставот на ЕУ кон Украина

Меморандумот од пет страници во кој e транскриптот од телефинскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Влaдимир Зеленски, објавен од Белата куќа на 25-ти септември 2019 година/ REUTERS/Jim Bourg

Разговарајќи со својот украински колега Владимир Зеленски во контроверзниот телефонски разговор од јули, американскиот претседател Доналд Трамп говорел дека Европејците, особено Германија не прават доволно за Украина, а неговиот соговорник се согласил со него „илјада отсто“, произлегува од транскриптот од разговорот кој целосно го објави Белата куќа во средата.

Претходно во средата Зеленски во Њујорк рече дека мислел оти ќе биде објавен само делот од разговорот на Трамп. „Лично сметам дека таквите разговори меѓу претседатели на независни држави не би требало да бидат објавени“, рекол Зеленски за украинските медиуми.

„Многу правиме за Украина. Вложуваме многу напори и време. Многу повеќе од европските земји а тие би требало повеќе да ви помагаат. Германија не прави речиси ништо за вас. Сѐ што прават е да зборуваат и мислам дека би требало за тоа со нив да разговарате. Кога зборувам со германската канцеларка Ангела Меркел, таа зборува за Украна, но не прави ништо“, рекол Трамп.

Телефонскиот разговор за кој некои американски медиуми наведуваа дека содржел притисок од Трамп за Зеленски да го истражи неговиот можен противник на претседаетлските избори идната година Џо Бајден, беше причина Демократската партија да ја покрене процедурата за отповикување на американскиот претседател.

„Многу европски земји се однесуваат слично. САД беа многу, многу добри кон Украина. Не велам дека работата е заемна, бидејќи работите кои се одвиваат не се добри, но САД беа многу, многу добри кон Украина“, заклучил Трамп во разговорот.

„Да, потполно сте во права“, рекол Зеленски кој во април годинава стана претседател на Украина, земја која по превратот од 2014 година е многу зависна од помошта на САД.

„Не само сто, туку илјада отсто. А можам да ви го кажам следното: разговара со Ангела Меркел и разговарав со неа. Разговарава, исто така, и со (францускиот претседател Емануел) Макрон и им кажав дека не прават онолку колку што би требало по прашањето за санкциите (против Русија)“, рекол Зеленски.

„Тие не ги спроведуваат санкциите. Не прават онолку колку што би требало за Украина. Иако, според логиката на нештата, ЕУ би требала да биде нашиот најголем партнер, излегува дека тоа се САД кои ни се поголеми партнери од ЕУ и на тоа сум ви благодарен“, додал украинскиот претседател Зеленски.

Разговорот меѓу двајцата челници се одвивал на 25-ти јули, набрзо откако Трамп ѝ наложи на својата администрација да замрзне помош за Украина од 391 милион долари.

Американските медиуми пишуваа дека Трамп во разговорот повеќепати од Зеленски барал да го истражи Џо Бајден, дали како американски потпретседател ја злоупотребил својата позиција и ја уценил Украина да го отпушти тогашниот главен државен обвинител кој поради корупција ја истражувал енергетската компанија во чиешто раководство до април 2019 година беше неговиот синот Хантер Бајден, по што беше запрена постапката со која беше опфатен и Бајден помладиот.